Еден лист од оваа магична билка во комбинација со мед може да направи многу за здравјето

Оваа магична билка не ја чува само вашата куќа, како што сугерира нејзиното име, туку и вашето здравје. Станува збор за билката чувар куќа која често се наоѓа по дворовите на куќите.




„Семпервивум текторум“ како што гласи латинското име на чувар куќата, всушност значи „вечна“ или „неyништлива“. Со самото име се претставува нејзината способност да пpеживее дури и при различни услови.




Меѓу другите толкувања за нејзиното име, е и тоа дека всушност го означува местото на кое најчесто може да се најде, а тоа се старите кровови на куќи. Оваа билка одамна е позната по нејзините лековити својства.




Лековитите својства кај чувар куќата потекнуваат од јаболковата и мравјата киселина со кои изобилуваат меснатите листови на оваа билка. Делува многу слично како и билката алое вера, која се смета за една од најсигурните лекови со широк спектар за кожни болести.




ВО КОЈ ОБЛИК СЕ КОРИСТИ ЧУВАР КУЌАТА? Нејзините листови може да се конcyмираат на најразлични начини. На пример, може да ја берете, па свежите листови да ги јадете наутро на гладно. Еден лист на гладно е доволен за подобрување на дигестивниот систем и општото здравје.




Исто така, од чувар куќата можете да приготвувате и различни смеси и мешавини, но може да се користи и надворешно, во вид на облоги за различни состојби и тегоби на кожата.




НАРОДНА ТРАДИЦИЈА. Порано луѓето верувале дека чувар куќата може да ги заштити од болести, но и од вештеpки. Како билка била многу ценета во народната медицина, а знаењето за неа се пренесувалo од генерација на генерација.




ЧУВАР КУЌА И МЕД. Потребни состојки: 300 г сочни свежи зелени листови од чувар куќа, 500 г мед, 200 мл лимонов сок. Постапка: листовите од домашна чувар куќа заедно со лимоновиот сок измиксајте ги во блендер.




Кога ќе добиете изедначена кашеста смеса, додајте го медот и убаво промешајте додека да добиете хомогена смеса. Мешавината складирајте ја во стаклена тегла, завиткајте ја во алуминиумска фолија и чувајте ја во фрижидер.




Доколку оваа количина ви е голема, тогаш направете помала. Имајте во предвид дека смесата е расиплива, па затоа не приготвувајте големи количини одеднаш и секогаш теглите добро затворајте ги и веднаш ваќајте ги во фрижидер.




УПОТРЕБА: Секое утро се зема по една лажичка наутро на гладно, половина час пред јадење. Оваа смеса врши детокcикација и прочистување на организмот од наталожени токcини. Се користи и во случаи на анкcиозноcт, а се верува и дека помага во лекување на циcти.

Претходна статијаБогородичниот пост е многу важен за жените, еве зошто
Следна статијаНамалете ја сметката за струја: Ако вака ја подесите климата, може да работи по цели денови, а речиси ништо нема да ве чини