Дали е подобро за вашиот струјомер да ја гасите климата кога не сте дома или сепак е попаметно да ја оставите да работи по цел ден? Одговор побаравме од еден електричар, а еве што советуваше тој. Неговиот одговор ќе ве изненади…




Летно време нормално е температурите да бидат високи, но се чини дека секоја наредна година е сè потопла и поврела. Клима уредите ги вклучуваме уште пред да почне летото, а некогаш работат и до средина на есента.




Во последниов период клима-уредите работат со полна пареа, барем додека престојуваме во нашиот дом или во работниот простор. Се подразбира дека овие апарти трошат доста електрична енергија.




Но, дали постои начин овие апарати да трошат што помалку, односно да го намалиме износот на сметката за струја? Електричарот вели, секако дека постои, како и за секој апарат, така и за клима уредите постои начин за подесување, според кој може да троши повеќе или помалку.




Нешто слично како и за болјерите, сигурно сте се запрашале дали штедиме повеќе кога ќе го исклучиме клима уредот секојпат кога излегуваме од дома или пак, подобро е да се остави да работи цел ден на иста температура?




Можеби се чини дека потрошувачката е поголема кога постојано го гасите и палите клима уредот, но на тој начин всушност повеќе се заштедува, а самиот уред подобро работи.




Имено, системот за разладување е најефикасен кога работи со полна брзина, а на тој начин и побрзо ја ветрее влагата од вашиот дом. Нешто сличен ефект се постигнува и доколку клима уредот го подесите на повисока температура.




Разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната, не би требало да биде поголема од 7 до 10 степени. Според некои податоци, клима уредот троши за 3 до 5% помалку енергија со секој степен повеќе на термостатот.




Сепак, за максимална заштеда на енергијата, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе степени додека вие сте отстутни од домот. Могумина ова го прават, односно го оставаат клима уредот вклучен, за подоцна да ги дочека разладена просторија. Меѓутоа, грешка е ако го оставите на 21 или 22 степени, бидејќи нема да ја постигне температурата и ќе потроши повеќе енергија.




Купете клима уред со термостат кој се подесува. На пазарот постојат повеќе паметни термостати кои можат да го регулираат ладењето дури и кога не сте дома. Овие термостати може да се подесуваат рачно или преку апликација на телефон.




Внимавајте каде го оставате термостатот. Ова може да направи голема разлика во износот на сметката за струја. На пример, ако го ставите термостатот некаде близу до прозорот каде сонцето ќе го загрева, тогаш климата ќе работи повеќе за да разлади до посакуваната температура.