Во аптеките може да пронајдете многубројни производи за јакнење на имунитетот, но тие сè повеќе губат на популарност поради својата неефикасност.

Тоа е сосем разбирливо со оглед на тоа што синтетичките препарати не можат да ги заменат природните производи кои се лесно достапни и многу поефикасни во лекувањето на различни болести.

Доколку сакате или треба да го подобрите имунитетот, ви ги препорачуваме следните две природни смеси кои се лековити и се користат за деца и возрасни.

СМЕСА ЗА ДЕЦА – Потребни состојки: 100 г суво грозје, 150 г ореви, 100 г бадеми, 2 лимони – кора и сол, 100 г суви кајсии, 100 г суви сливи и 250-300 мл мед

Постапка: Сомелете ги оревите, бадемите, сувото грозје и лимоновата кора (кората можете и да ја изрендате). Во мешавината додадете сок од два лимони, измешајте и потоа додадете суви сливи и кајсии (и нив најдобро е да се сомелат).

На крај, додадете мед и повторно промешајте. Смесата складирајте ја во тегла и оставете да отстои на суво и темно место еден до два дена. Потоа чувајте ја теглата во фрижидер.

На деца од 3-5 години се дава по една лажичка дневно (пред било кој оброк, најдобро пред појадок). На деца постари од 5 години се дава по 2 лажички дневно ( и двете пред оброк, најдобро пред појадок).

СМЕСА ЗА ВОЗРАСНИ – Потребни состојки: 200 г суви кајсии, 200 г суви сливи, 200 г суви смокви, 200 г ореви, 1 лимон – кора, 50 мл коњак или ракија и 250 мл мед

Постапка: Сомелете го сувото овошје и лимоновата кора (или изрендајте ја кората), измешајте, додадете коњак или ракија и мед, па повторно измешајте. Смесата складирајте ја во тегла и оставете ја на суво и темно место еден до два дена. Потоа теглата чувајте ја во фрижидер. Земајте по една лажица пред оброк, најдобро пред појадок.

фото: ислустрација