Билкарот Момчило Антонијевиќ открива неколку лековити рецепти кои се приготвуваат со билката маточина.

Маточината е лековита билка која најдобро ја познаваат и сакаат пчелите. Имено, со букет од оваа билка несовесните пчелари умееле да ја намамат матицата од ројот на соседот во својата кошница.

Главното активното дејство на билката произлегува од скапоценото есенцијално масло кои има многу сложен состав и кое го дава толку убавиот мирис и пријатен вкус.

Во народната медицина маточината важи за една од најмоќните билки за смирување на нервниот систем, против несоница и нервоза, како и за спречување на симптомите од нервоза.

Маточината е одличен лек против вирусни инфекции. Ако имате грип задолжително пијте по две-три шолји топол чај од маточина и бозел.

Оваа билка исто така, се покажала како многу делотворна во борбата против вирусите на херпес (херпес симплекс и херпес зостер). На сите кои ги мачат овие неверојатно упорни вируси им се советува да пијат по литар силен чај од маточина дневно во комбинација со тинктура или капсули од ехинацеа и мевлем кој содржи барем 1% екстракт или есенцијално масло од маточина.

Благи и вкусни чаеви од маточина може да им се даваат и на деца кои ги мачат болки во стомакот или имаат мачнина.

ЧАЈНА МЕШАВИНА ПРОТИВ ВИРУСНИ ИНФЕКЦИИ

Потребни состојки:

100 г маточина (Melissa officinalis)
50 г бозел (Sambucus nigra)
50 г сладок корен (Glychiriza glabra)

Постапка:

5 супени лажици од мешавината на овие билки прелијте со еден литар зовриена вода, промешајте, поклопете и оставете 20 минути. процедете и испијте во текот на денот. Чајот може да им се дава и на деца постари од 5 години (1 до 2 шолји на ден).

МЕВЛЕМ ПРОТИВ ХЕРПЕС

Потребни состојки:

100 мл невеново масло
20 г пчелин восок
10 г прополис (смола)
1 мл есенцијално масло од маточина
4 мл есенцијално масло од чајно дрво

Постапка:

Сите состојки набавете ги од билна аптека. На тивок оган загрејте го невеновото масло со прополисот и восокот. Мешајте додека прополисот се растопи. Тргнете од оган, мешајте уште 1-2 минути, па додадете ги есенцијалните масла од маточина и чајно дрво. Промешајте, складирајте во чисто стаклено тегличе со капак и оставете да излади. Се чува во фрижидер. Мачкајте ги заболените делови двапати дневно на сува и чиста кожа.

ЧАЈНА МЕШАВИНА ПРОТИВ НЕРВОЗА

Потребни состојки:

200 г маточина (Melisa officinalis)
100 г мирудија (Anethum graveolens)
50 г липа (Tilia cordata)
50 г валеријана (Valeriana officinalis)

Постапка:

Помешајте ги билките па две супени лажици прелијте со 300 мл зовриена вода, промешајте, поклопете и оставете да отстои половина час. Процедете и испијте топло засладено со мед.

ЧАЈНА МЕШАВИНА ЗА JАKНЕЊЕ НА СРЦЕТО

Потребни состојки:

100 г маточина (Melissa officinalis)
100 глог (Crataegus oxyachanta)
50 г ајдучка трева (Achilea millefolium)

Постапка:

Сите состојки измешајте ги, па три супени лажици од смесата прелијте со половина литар зовриена вода, промешајте, поклопете и оставете да отстои од 45 минути до еден час. Процедете и испијте во текот на денот во мали голтки.

Повеќе за билката можете да слушнете од билкарот Момчило Антонијевиќ: