Запишете си го рецептот за овие брзи пирошки со сирење и пченкарно брашно. Многу се вкусни, однадвор крцкави, а одвнатре меки, не впиваат масло, а покрај тоа многу брзо се приготвуваат.

Потребни состојки: 200 г пченкарно брашно, 400 г пченично брашно, 100 мл млака вода, 150 мл јогурт на собна температура, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол, 10 г прашок за печиво, 1/3 коцка свеж квасец (околу 15 г), 200 г сирење било кое (кравјо, тврдо), 2 јајца, 200-300 мл масло за пржење.

Постапка: Ако сакате да го скратите времето за приготвување, пред да започнете со замесувањео на состојките, вклучете ја рерната да се загрева на 50 степени. Промешајте ги двете брашна, додадете прашок за печиво и сол, па изедначете. Во 100 мл млака вода додадете лажичка шеќер и издробете го квасецот.

Промешајте за да се раствори добро квасецот. Потоа додадете две јајца, 150 мл јогурт на собна температура и 200 г ситно издробено сирење. Добро промешајте за да се изедначи смесата, а потоа постепено додавајте го брашното, додека постојано мешате со лажицата.

Потоа додадете го преостанатото тесто и домесете го рачно. Не е потребно долго да се меси тестото, туку додека почне да се одвојува од ѕидовите на садот. Потоа тестото покријте го со крпа и ставете го во загреаната рерна на 50 степени или на топло место, да стасува 15-20 минути.

Намастете ја со масло работната површина на која ќе го развлечете тестото. Тестото не треба да се премесува после стасувањето. Само префрлете го од садот каде стасувало врз работната површина, па со намастена дланка малку притиснете го, а потоа со оклагија развлечете го во кора со дебелина 1,5-2 см со правоаголна форма.

Сечете ленти со широчина од 2-2,5 см и должина по желба. Маслото загрејте го, па на умерен оган пржете ги пирошките додека убаво да заруменат од двете страни. Пржените прирошки вадете ги на хартиена салветка. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.