Ивана Јовановиќ успеала да се избори со злокобната болест и денес живее сосем нормален живот.

Исхрана без шеќер, со многу мал внес на месо, многу овошје, зеленчук, овесни, јачменови, пченични снегулки, и живот без стрес и помогнале на Ивана Јовановиќ од Ниш, двапати да ја победи најтешката болест.

-Кога на 33 годишна возраст добив рак на грлото од матката, бев бесна на самата себеси затоа што дозволив сè друго да ми биде поважно од самата себеси, живеев така што на другите им угодував, се грижев за сите, а потоа следеше оваа дијагноза…

Секоја жена во тој момент помислува дека е готово…Но, некако успеав да ги пренасочам мислите и да си кажам: “Морам да се борам!” – ја започнува својата приказна Ивана и продолжува:

-Се чувствував напуштено, изневерено, слабо и луто. Дозволив тагата да надвладее, да живеам онака како што другите луѓе очекуваат од мене. Моите амбиции ги имав ставено под тепих, бев без цел и соништа, живеев колку денот да се претурка, па што биде, нека биде.

Верувам дека до болеста доведе и константниот стрес кој го имав покрај личноста која на крај ја изгубив, а требаше да ја продолжи борбата поради моите ќерки кои тогаш имаа 5 и 2 години.

ПРОМЕНА ОД КОРЕН

Ивана прво добила малигна болест на грлото од матката. Откако успеала да ја сочува главата на рамења, одлучила да го промени животот од корен.

-Во таа борба поддршка добивав од сопругот и децата, од своето семејство, што многу ми значење, но сепак морав да се потпрам на себеси. После доаѓањето од болница, со семејството го пребродив опоравувањето – раскажува Ивана.

Кога добила резултат дека повеќе нема канцер и дека сè е во ред, започнала да јаде здраво, но тоа не било доволно.

-После четири години се повтори туморот, овојпат на дојка. Бев многу лута на себеси што ја повторив истата грешка. Повторно се грижев за другите, повторно почнав да им угодувам на другите и да ги ставам сите пред себеси, повторно стрес, како да не ми беше доволно првиот пат.

Тогаш бев одлучна во намерата да ги променам навиките и да престанам да се грижам. Така и беше, успеав – раскажува Ивана.

ЗДРАВА ИСХРАНА И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Освен исхрана без шеќер, со многу мал внес на месо, Ивана сега јаде многу овошје и зеленчук, овесни, јачменови, пченични снегулки, а стресот го свела на минимум. Тоа е нејзиниот рецепт за здрав живот и оружје против злокобната болест.

-Себеси си дадов задача секое утро да ја исфрлам секоја мака од себеси. Трчам, возам велосипед, се смеам гласно и уживам во секоја секунда од својот живот. Така победив – порачува Ивана и продолжува:

-Утрото го започнувам со овошје, а потоа задолжително јадам интегрални житарици со семки, а преку ден главно јадам овошје. Млекото го исфрлив, а млечните производи умерено ги консумирам.

Многу е важно да напоменам дека од време на време го чистам организмот со разни детокс напитоци. Најдобриот од нив е оној приготвен од зелен зеленчук и голема количина на течности во текот на денот.

Внесувам и поголеми количини витамин Ц кои најмногу ги има во цитрусите и гоџи бобинките. Смутито кое јас го приготвувам го проба и Новак Ѓокович кога беше дојден на посета во Ниш.

Ивана додава дека и билковните чаеви се препорачливи, како и квалитетниот мед, урми, какао и лешник, квалитетно задоволство кое не содржи бел шеќер, ниту бело брашно или нешто друго што би ја пореметила дигестијата, а го снабдува организмот со доволна количина протеини и здрави масти.

Намирницата која особено ја препорачува Ивана, а која е исклучително благотворна за здравјето е секако, цвеклото. Заедно со морков или банана, ѓумбир, некое црвено овошје и задолжителните гоџи бобинки и цеден лимон – се добива одлично утринско смути.

фото: magicnobilje.com