Сонот на сите најпосле стана и реалност, а тоа е вкусен сладолед кој можете да го јадете во неограничени количини, а притоа да не влијае врз вашите килогpaми. Прочитајте ги овие два рецепти за овошен и чоколаден сладолед, кои се прават буквално за неколку минути, а воопшто не треба да додавате шеќер, јајца или млеко.

Ако ви здодеа постојано да се грижите за тоа колку топчиња сте изеле, пробајте го овој рецепт за овошен сладолед кој се прави многу брзо и без додаден шеќер. Се што ви е потребно се банани, замрзнато овошје по избор и блендер за да ги ставите.

На овој начин сладоледот се подготвува буквално за 5 минути. Колку што ви треба за да сварите турско кафе. „Ако сте голем љубител на сладолед како мене, овој рецепт е за вас.

Можев непрекинато да јадам, но откога сум на диета, сладоледот стана заборавен за мене. Понекогаш сакав да направам исклучок, но морам да останам истрајна и да почнам да ги одбегнувам рафинираните шеќери заceкогаш.

сладолед со јагоди – рецепт 2

Потоа случајно пронајдов еден рецепт за домашен сладолед, за кој не очекував дека може да има ист вкус како и купечкиот, а сепак да биде здрав. Пробав од нyжност, па сега ми е омилен и постојано си го правам за мене и дечињата.”

Во продолжение може да прочитате 2 рецепти, односно се работи за два различни вкусови, па според тоа кој повеќе ви се допаѓа одберете кој ќе го подготвите. Еве што ви е потребно за 2 порции сладолед:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (прва варијанта): 2 банани, 2 големи лажици какао. ПОСТАПКА: Бананите се вадат од лушпата и внимателно се сечат на тенки кругови кои се редат на 1 чинија. Се оставаат во замрзнувач да отстојат 3 часа.

По изминатото време, се префрлуваат во блендер и се додаваат 2 големи лажици какао. Се започнува со блендирање додека да се направи ронлива, мокра смеса. Потоа малку се промешува, па се продолжува со блендирање додека да се направи еднолична, полутечна смеса.

Сладоледот можете веднаш да го сервирате бидејќи е ладен од смрзнатите банани, но ако сте направиле поголема количина може да си ја распоредите во калапчиња кои ќе ги чувате во замрзнувач. Во продолжение прочитајте овошна варијанта:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 банана и замрзнато бобесто овошје (јагоди, малини, вишни или комбинација од повеќе)…

ПОСТАПКА: Постапката на подготвување е идентична како и претходно со бананите, а црвеното овошје треба да биде ладно од замрзнувач или свежо во фрижидер. Смесата се блендира и се добива сладолед кој многу освежува.

За втората варијанта нема конкретна количина на бобестото овошје, додавате одокативно, колку што мислите дека е доволно. По желба во сладоледот може да додавате карамела, мелени ореви, плазма, екстракт од ванила…

А, во продолжение можете да прочитате како да направите СЛАДОЛЕД кој цело лето го правам и никогаш не ни е доста: БЕЗ јајца и слатка павлака, без готвење:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г шлаг во прав, приближно 500 мл млеко во зависност од тоа каков шлаг ќе користите, па млекото додајте го според упатството на кесичката, 300 мл јогурт, 2 супени лажици шеќер во прав (ако шлагот не содржи шеќер, или додајте по вкус).

И УШТЕ: 200 г јагоди, 2 супени лажици какао (или 200 г мелени бисквити и 200 г овошје по ваш вкус). Постапката можете да ја прочитате подолу, ова е еден од најдобрите рецепти за домашен сладолед – ОВДЕ :

СЛАДОЛЕД кој цело лето го правам и никогаш не ни е доста: БЕЗ јајца и слатка павлака, без готвење