Најубавиот колач кој се прави од 2 филови, а не одзема повеќе од 10 минути работа. Мешаш едниот фил, па потоа другиот и добиваш фантазија колач кој ми го бараат и на соседната улица. Рецептот го давам на кој стигнам, бидејќи на сите им користи и затоа што се прави многу брзо.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРВИОТ ФИЛ: 150 г чоколадо, 50 г путер, 1 ванилин шеќер, 100 г обичен шеќер, 2 јајца, 50 мл масло, 30 г какао, 1 лажичка прашок за печиво, 100 г брашно, 150 г јагоди. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: 300 г рикота сирење, 1 ванилин шеќер, 50 г обичен шеќер, 1 лажица гриз/семолина, 1 јајце.




ПОСТАПКА: Најпрво подгответе си ги состојките за првиот фил. Јајцата и путерот може да ги извадите да отстојат минимум 1 час на собна температура пред да започнете со подготовката.




Чоколадото скршете го на повеќе коцки и во него додајте го путерот. Садот ставете го на пареа под тенџере или некој друг сад со вода и почекајте состојките да се растопат. Тргнете од рингла, промешајте со шпатула и почекајте чоколадото малку да се излади, не треба да биде премногу врело.




Потоа додајте го шеќерот, јајцата, маслото, какаото, прашокот за печиво. Измешајте и соединете ги состојките додека да се формира течна, мазна и еднолична смеса која нема да има грутки од брашното.




Настрана добро измијте ги јагодите и отстранете им ја дршката на врвот. Со помош на виљушка изгмечете ги, а потоа додајте ги во чоколадниот фил кој го подготвивте. Ако ви останат помали парчиња од јагодите не се секирајте бидејќи тие го даваат убавиот вкус на колачот.




ПОДГОТОВКА НА ВТОРИОТ ФИЛ: Рикота сирењето измешајте го и издробете го со виљушка. Додајте го ванилиниот шеќер, обичниот шеќер, гризот и јајцата. Измешајте со соединување. Филот не се вари на рингла, подготвен е после додавање на овие состојките.




Во плех (со големина по ваша желба) ставете хартија за печење и излејте 2/3 од чоколадниот фил. Убаво измешајте и распоредете, па одозгора додајте го вториот бел фил. На крајот се додава останатата 1/3 од чоколадниот фил и се прават декорации со виљушка како мозаик, мрежа или шари…




Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути. По изминатото време проверете дали колачот е испечен со помош на чепкалка. Имајте предвид дека ако користите помал калап за печење, ќе биде потребно подоголго да го печете колачот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.