Повеќето б олки во грлото се предизвикани од вирусни инфекции, најчесто обична настинка или грип. Б олките во грлото обично поминуваат сами по себе и не предизвикуваат дополнителни ком-пликации и се третираат симптоматски.

Воспалението на грлото предизвикано од бактерија почесто предизвикува дополнителни ком-пликации и бара поголемо внимание. Се пренесува преку аеросолни капки преку кашлање или кивање од заразено лице, близок контакт и преку споделување на контаминирана храна или пијалак.

Стрептококната инфекција во грлото е најчеста кај децата, но може да бидат заразени и возрасни. Иако може да се заразите во кое било време од годината, сезоните на воспаление на грлото во бактеријата се доцна есен и рана пролет.

Покрај близок контакт со заразените, бактериите се пренесуваат и со споделување храна, прибор за јадење, козметика или допирање на површини каде остануваат траги од микробите на заразеното лице.

Бактериските инфекции во грлото се препознаваат по б олки во грлото и црвенило и проблеми со голтање. Во споредба со вирусните воспаленија, овие симптоми можат да бидат посериозни и да траат повеќе од неколку дена и да предизвикаат други болести како пневмонија.

Најчесто овие инфекции се лечат симптоматски, а како најдобар лек за смирување на воспаленото и црвено грло се препорачува мешавина од билки во комбинација со јаболков оцет и мед.

Нането има богата микронутритивна вредност: значителна количина од витамин А, железо, манган, витамини од Б групата (особено Б9 или фолна киселина) и помали количества калциум, магнезиум, калиум, цинк, фосфор, калиум и витамин Ц.

Покрај ова, нането преставува и солиден антиоксидативен извор, особено ако се спореди со другите билки. Покрај големата количина на антиоксидативниот витамин А, нането содржи и повеќе полифенолни антиоксидатни (розмарична, кафеинска и ферулична киселина, како и еугенол).

Исто така, нането овозможува подобрување на дигестивното здравје. Многумина го употребуваат нането само кога имаат болки во стомакот.

Нането содржи компонента наречена ментол, која помага во релаксирањето на мускулите на дигестивниот тракт, обезбедува нивно полесно празнење и чувство на олеснетост. Покрај споменатото, кај оваа билка е утврдено силно антимикробно и антивоспалително дејство.

Студиите покажуваат дека нането е особено корисно за олеснување на симптомите на луѓето со синдром на нервозни црева, како што се дијареата, запекот, стомачните болки, грчевите, повраќањето итн.

Нането ги ублажува симптомите на настинка и грип. Ова дејство се должи на компонентата ментол. Оваа ароматична компонента овозможува полесно разградување на мукозната течност во носот и на тој начин, значително олеснето дишење преку него.

Нутритивниот состав на босилекот се состои главно од каротеноидните антиоксиданти бета-каротен, криптоксантин, лутеин и зеаксантин, потоа витамините А и К, но и некои од Б групата. Содржината на минерали е пониска и генерално се состои од калциум и помалку железо.

Поради помалите количества во кои се консумира, бенефитот во однос на нашето здравје главно се должи на богатиот антиоксидативен состав кој го има босилекот.
Босилекот се користи за лекување на воспаленија на желудник и црева, кашлица, болести на уринарните органи, смирување на нервите и несоница.

Потоа за подобрување на апетитот, против гасови, подуеност и дигестивни проблеми против цревни пара-зити, зголемување на млеч-носта кај доилки и нормализирање на мен-струацијата.

Мајчината душица е одлична за лекување на кашлица, зајакнување на имунитетот, за регулирање на кр-вниот притисок. Има моќна антиоксидативна вредност, а покрај директниот корисен ефект, може да помогне и при стабилизирање на маслата за готвење како сончогледовото масло.

Исто така, го подобрува расположението, помага при лекување на некои инфекции на ушите, помага при тешкотии со голтање, алопеција и здравјето на кожата. Тимолот е природна компонента која се наоѓа во мајчината душица и спаѓа во категоријата соединенија наречени биоциди. Тоа би значело дека мајчината душица може да делува уништувачки на низа патогени микроорганизми како бактерии, вируси и габи.

Ловоровиот лист се користи во лекување на болести на органите за варење, анорексија, губење на апетит, дијабетес, кардиоваскуларни нарушувања, како и за дезинфекција на области за заштита од вируси, грип, настинки и разни други микроби.

Ловоровиот лист има седативно дејство и се користи во случај на нервоза, напнатост и несоница. Исто така, ловоровиот лист може да биде многу корисен во третманот на гихт и ревматизам, а есенцијалното масло од ловор успешно се користи во третманот на заболување на лимфните јазли затоа што го зајакнува имунитетот. Доволно е да го протриете ловоровиот лист на кожата на грлото за да се ослободите од непријатноста.

Ѓумбирот содржи соединение наречено гингерол кое поседува моќни лековити својства и може да делува потткнувачки во борбата со вирусни и бактериски инфекции.

Гингеролот е главната биоактивна компонента на ѓумбирот. Тој е одговорен за повеќето лековити својства на ѓумбирот. Има моќни антиоксидативни и антивоспалитени својства.

Гингеролот може да го намали ризикот од развој на поголеми инфекции. Тој се смета за одговорен и за инхибирачкото дејство на ѓумбирот врз развојот на многу бактерии од различни видови.

Жалфијата е природен конзерванс, бидејќи има антимикробен ефект. Благодарение на нејзината способност да спречи развој на вирусите, се користи во многу мевлеми против херпес. Исто така се користи за надворешно запирање на ра-ни што кр-вават, но и за дезинфекција на чиреви.

Бидејќи има спазмолитично дејство, се користи и како чај за инхалација кај астма, бронхитис, но и кај други респираторни инфекции. Покрај тоа, жалфијата ќе ви помогне да се ослободите од лошиот и непријатен здив, благодарение на есенцијалните масла содржани во неа. Ова може да се постигне со правење гаргара или џвакање на сурови лисја од жалфија.

Подгответе го овој сируп на време и започнете да го користите кога ќе почувствувате бол-ки во грлото.

Потребни состојки: нане, босилек, мајчина душица, ловоров лист, ѓумбир, жалфија, јаболков оцет, мед.

Подготовка: Половина тегла наполнете ја подеднакво со мешавина од овие билки. Потоа додајте 1/3 мед и 2/3 јаболков оцет. Затворете ја теглата и чувајте ја 14 дена на темно и суво место.

Протресувајте ја секој ден. По изминатото време, процедете го сирупот и чувајте го во фрижидер најмногу 12 месеци по процедувањето. Консумирајте 2 лажички, трипати на ден пред оброк кога имате бо-лки во грлото или како прелив за салата.

II РЕЦЕПТ Потребни состојки: 1/2 чаша јаболкова киселина, 1/2 чаша исцеден сок од ѓумбир, 1/2 чаша исцеден сок од лук, 1/2 чаша исцеден сок од лимон и 1/2 чаша мед.

Постапка: соковите од лук, ѓумбир и лимон истурете ги во едно тенџере, додајте го оцетот, па содржината загревајте ја на тивок оган додека да започне да испарува. Треба да добиете млечно густа течност. тргнете на страна или ставете го тенџерето во поголем сад со ладна вода за побрзо да излади.

Потоа додајте го медот и промешајте за да се изедначи смесата. Се чува во стаклена тегла во фрижидер. Се консумира по една лажица на гладно, 20 минути пред појадок. Овој лек покрај другото е одличен за срцето и прочистување на артериите. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска