Рецепт на Виолета: „Здраво на сите, се надевам дека овој лек ќе им помогне на оние кои имаат проблем како мојот. Имено, мојата ќерка Милена уште од мала имаше проблем со ниско ниво на железо во kpвта, а во изминатиот период и јас се соочив со состојбата наречена – анемија.




Симптомите веројатно на многумина им се познати, а тоа се хроничен умор, малаксалост, вртоглавици, поспаност… Сето тоа се случува затоа што мозокот не се снабдува со доволно кислород. Анемичните луѓе подолго спијат од вообичаено, бидејќи немаат сила, а меѓу другото имаат и бледо лице.




Јас не сум доктор, туку ова го раскажувам од искуство. Кога Милена беше мала, не знам што сè не испробав, и секогаш кога ќе и се зголемеше анемијата на еден од образите и се појавуваше долга бела линија, па веднаш знаев дека мора нешто да преземам. И купував и вино од капини, но не и помогна, сè до моментот кога го дознав ова природно средство.




Сега Милена е возрасна, но секојпат кога ќе и падне хемоглобинот или железото во kpвта, таа повремено си го прави овој феноменален еликсир за подобрување на крвта. Неодамна и мене ми беше потребно појачување на kpвта, па и јас го направив и веднаш делуваше. Верувајте ми дека овој природен лек делува многу поефикасно од кои било други лекови.




За два-три дена веднаш чyвcтвyвате подобрување. Исто така, пожелно е покрај оваа смеса, да пиете и чист сок од боровинка. Со оглед на тоа што боровинката не може да се најде во секој период од годината, може да користите и смрзната, па да ја блендирате, но да не ја мешате со никакви други додатоци. Еве како се приготвува:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг мед, 5 супени лажици семе од коприва, 5 супени лажици органско какао (побарајте во продавница за здрава храна, нешто е поскапо од обичното, но многу е лековито и богато со антиоксиданси и железо).




ПОСТАПКА: Бидејќи семето од коприва потсетува на ситен песок и малку е незгодно при конcyмација, за да не ве „гребе“ најдобро е претходно да го сомелете во прав, а за тоа може да послужи и обичен блендер или каква и да имате мелница. Сомелете пет супени лажици.




Во еден подлабок сад ставете половина од медот, па додајте пет супени лажици мелено семе од коприва, па убаво промешајте додека да се изедначи смесата. Потоа додајте пет супени лажици органско какао и повторно промешајте додека да се изедначи смесата.




На крај додајте го остатокот од медот (на неколку наврати), па повторно промешајте до целосно изедначување. Целата постапка трае помалку од 15 минути, со тоа што какаото и семето од коприва потребно е да се мешаат минимум 5-6 минути.




УПОТРЕБА: Наутро пред појадок, на пладне пред ручек и навечер пред вечера по една супена лажица, а за деца над три години по чајна лажичка. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.