Ова е потполно решение за јакнење на имунолошкиот систем. Пандемијата и натаму е во полн тек, а силниот имунитет е првата одбранбена линија против вирусите. Телото најдобро се јакне со природни напитоци, храна и витамини од свежото овошје и зеленчук.

Оваа комбинација од состојки кои ја предлагаат нутриционистите, поволно делува врз организмот и може да го зајакне имунолошкиот систем доколку се пие редовно.

Потребни состојки: 20 г свеж корен од ѓумбир, 3 лимони, 2 лажици мед, четвртина лажичка црн пипер во прав и една чаша вода (200-300 мл).

Постапка: Ако лимонот не е органски, тогаш излупете му ја кората, исечете го на коцки и отстранете ги семките. Ставете го во блендер, додадете го излупениот и изрендан ѓумбир, па започнете да миксате со постепено додавање на водата по потреба.

Кога убаво ќе се сомелат состојките и ќе се изедначат, течноста процедете ја низ цедалка или газа, па на крај додадете го црниот пипер во прав и медот. Промешајте за тој да се растопи. Добиениот сируп складирајте го во стаклена тегла или стаклено шише со капаче.

Чувајте го во фрижидер и пијте секој ден по 30 мл помешано со исто толку вода. Напомена: доколку имате чувствителен желудник, овој напиток можеби нема да ви биде угоден поради лимонот.

Еве како делуваат состојките кои се компоненти на овој сируп: Ѓумбирот е богат со етерични масла, калиум, манган, бакар, магнезиум и витамин Б, а во комбинација со мед и лимон, на нашиот организам му дава вистинска “витаминска бом-ба”.

Лимонот изобилува со витамин Ц, а она што за него е познато, е дека одлично го зајакнува имунитетот и особено се препорачува негова консумација во период на настинки и вирози. Лимонот може да делува како стимуланс за активирање на перисталтиката и празнење на цревата.

Состојката пиперин кој се наоѓа во црниот пипер ја зголемува апсорпцијата на витамините А и Ц, селенот, бета-каротенот и други лековити материи. На тој начин тој врши корекција и го подобрува нашето општо здравје.