„Поздрав до сите драги пријатели, почитувани домачинки и домаќини. За љубителите на месените работи, ова е нешто врв, нешто што не треба да се пропушти. Ова се варијанта на турските ачми, некоја комбинација помешу печиво и пита“, објаснува Валентина Машковиќ.

„Моите домашни просто не можеа да им одолеат, па ги изедоа сите за час. Досега вака вкусни ѓевречиња не сум направила, па ќе мора да ги повторам, да направам реприза. Затоа, не пропуштајте го и испробајте го. Печивата се превкусни и се топат во уста. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл вода, 200 мл млеко, 50 мл масло за готвење, 40 г свеж квасец (1 коцка), 1 супена лажица шеќер, 2 мали лажички сол, 2.5 супени лажици алкoxoлен оцет, брашно по потреба околу 750 г, путер/маргарин за премачкување на корите. ЗА ФИЛ: 400 г блитва и 300 г сирење. За премачкување 1 јајце и сусам за наросување




ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте по една чаша топла вода и топло млеко, додајте 50 мл масло, 1 супена лажица шеќер, 2-3 лажици брашно и изронете една коцка свеж квасец. Добро промешајте додека сите состојки да се растворат и да нема грутчиња. Оставете го на топло место 10-тина минути да се активира квасецот.




Потоа додајте половина од потребното брашно, две лажички сол и две ипол лажици оцет, па мешајте додека брашното да ги впие течностите. Потоа постепено додавајте го и остатокјот од брашното, а тестото замесете го со рака. Треба да биде средно меко и малку лепливо.

Истресете го на набрашнета површина, малку домесете го за да обликувате топка, па вратете го во намастен сад, малку намастете го и него, покријте го со стреч-проѕирна фолија и оставете го 40 минути на топло место да стасува додека да го удвои волуменот.




Потоа истресете го на набрашнета работна површина и поделете го на 8 или повеќе делови, а потоа формирајте топчиња. Покријте ги малку да одморат додека го приготвувате филот.

Блитвата измијте ја, ситно исечкјате ја, посолете ја и малку изгмeчете ја со рацете. Потоа додајте ситно сирење и промешајте. По желба додајте една лажица масло и една лажица кисела павлака.




На набрашнета површина ставете едно топче тесто, па со помош на оклагија развлечете кора со големина на чинија, па оставете ја настрана. постапката повторете ја сите останатите теста. Првата кора премачкјате ја со омекнат путер преку цела површина, па поклопете со нова кора. Ова повторете го до последната кора која не треба да се премачкува.




Оваа голема и дебела кора префрлете ја на набрашнета површина, одозгора наросете малку брашно, па со оклагија развлечете една голема правоаголна кора, со дебелина од 0,5-0,8 см. Долната половина од кората премачкајте ја со филот, а потоа преклопете ја со горната половина.

Нежно притиснете со дланките одозгора за да го истиснете вишокот воздух и да се залепат горната и долната кора, па сечете тенки ленти со широчина од 1,5-2 см. Секоја лентичка фатете ја за двата краја, спирално свиткајте и спојте ги краевите за да формирате ѓеврек. Ѓевречињата редете ги во плех обложен со хартија.




Вака приготвените ѓевреци оставете ги 20-тина минути малку да одморат, па одозгора премачкјате ги со изматено јајце или жолчка со малку млеко, а одозгора наросете сусам. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.