Фотографија и рецептна Драга Јовановиќ

Потребни состојки: 1 квасец, 1 лажичка шеќер, 200 мл млака вода, 200 мл млеко, 4 лажици масло, 2 јајца, 1 лажичка сол, 1 кг брашно, 250 г маргарин растопен, 1 јајце за премачкување, сусам и сончогледови семки за наросување одозгора

Постапка: Во млака вода растворете го квасецот и додадете малку шеќер. Оставете да отстои 5-10 минути на топло додека да се активира и запени.

Потоа додадете го млакото млеко, две јајца кои претходно биле оставени на собна температура, 4 лажици масло и малку сол, па промешајте.

Во течната смеса со квасецот постепено додавајте го просеаното брашно и матете постојано со лажица или жица. На крај замесете го тестото со рака.

Добиеното мазно тесто поделете го на 8 топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 10-тина минути. За тоа време растопете го маргаринот и малку посолете го.

После 10 минути секое топче развлечете го во кора со величина на мала чинија, па секоја одозгора премачкајте ја со маргарин и редете ги една врз друга. Само последната кора не се премачкува.

Вака наредените кори една врз друга ставете ги во некоја поголема плитка чинија, а потоа оставете во фрижидер да се одмори и излади 35 минути.

По изминатото време развлечете една кора на работната површина која потоа ќе ја исечете на коцки. Жу-жу коцките редете ги во плех обложен со хартија за печење и повторно оставете ги половина час да стасуваат и да се удвојат.

Потоа премачкјате ги со јајце и наросете ги со сусам и сончогледови семки. Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека убаво да заруменат.

Фотографија и рецепт на Драга Јовановиќ