Кога ќе видите како сега изгледа и вие ќе се мотивирате да го направите истото. После бременоста, како и повеќето жени, така и Емили ја покачила тежината и ставила вишок килограми.

Кога сфатила дека ги поминала сите граници, се решила од исхраната да го исфрли она што најмногу го јадела и сега сите и се восхитуваат на резултатите што ги постигнала.

Она што Емили Пуглиели го доживеала, гледајќи ја сопствената фотографија на која има 138 килограми, било доволно да сфати дека е време за промена.

Новата секојдневна рутина и овозможила да ја доведе својата линија до совршенство.

“Имав голем проблем со слатките и лебот. Ги исфрлив од исхраната, исто како и чипсовите и повеќето други јаглехидрати. Тоа ми помогна” – вели Емили.

Таа секојдневно правела три работи:

-пешачела
-сама си ја готвела храната
-бирала намирници со многу малку јаглехидрати.

После една година од воведувањето на овие промени, таа ослабела 46 килограми. А потоа почнала и напорно да тренира.

Оваа жена не дозволила ниту операцијата на грбот да ја спречи во остварувањето на својата цел.

“Сега можам многу повеќе работи да направам физички, а стекнав и голема самодоверба која ми помогна во сите сфери од животот.

Испробувам нови работи и се дружам со луѓето.

Сега се надевам дека мојот пат ќе им биде потсетник на моите деца, за тоа дека упорноста секогаш се исплати и дека во животот сè е возможно да се постигне.

А јас, секој ден се потсетувам себеси дека никогаш не смеам да се ставам на последно место” – додава Емили.