Ако вашата мајка ви каже дека тој човек не е за вас – најчесто има право и треба да ја послушате: Еве зошто

Научно е докажано дека вљубениот човек ја губи способноста за рационално и објективно расудување и размислување кога станува збор за партнерот.

Кога ќе го пронајдете човекот со кој сакате да го поминете остатокот од животот, нема поголема среќа. Но, што доколку тој човек не му се допаѓа на вашето семејство? Тогаш – нема поголема тага. Особено, ако станува збор за мислењето на мајката.

Првата реакција која се јавува кај една млада вљубена девојка е дека мајката греши, дека не ја разбира и дека “баш и е гајле” што таа е несреќна без љубовта на својот живот.

Но, кога истата вљубена девојка би можела да размислува со “ладна” глава, ќе сфати дека нејзината мајка ја сака повеќе од било кој друг на светот и дека и’ мисли само најдобро.

Loading...

Обично, статистиката покажала дека во 99% од случаите, мајката била во право кога не и се допаѓал ќеркиниот избор на партнерот.

Вљубената девојка не размислува трезвено, за разлика од мајката. Научно е докажано дека кога човек ќе се вљуби ја губи способноста за рационално и објективно расудување и размислување кога станува збор за партнерот.

Од друга страна, мајките, особено оние кои со своите ќерки имаат близок однос, знаат кога нивното дете е во опасност.

Психолозите советуваат: Наместо да се карате со вашата мајка, обидете се да ја согледате ситуацијата од нејзина перспектива.

Откога ве донела на свет, па сè додека ве воспитувала и извела на прав пат како што тоа најдобро знаела и умеела, вашата мајка секогаш била покрај вас и ви го посакувала само најдоброто. Таа се плаши да не завршите со некој кој не е добар за вас и кој ќе ви го “скрши” срцето. Се противи на вашиот избор, бидејќи сака да ве заштити.

ИНСТИКТОТ НА ЕДНА МАЈКА Е НЕВЕРОЈАТНО СИЛЕН

Ако мајката ви вели дека има лошо претчувство, тоа веројатно од неа говори мајчинскиот инстинкт, кој најчесто е во право.

Сетете се дека и вашата мајка некогаш била млада и дека можеби има повеќе искуство од вас. И таа веројатно преживеала “скршено” срце и била во лоша врска, па не сака и вие да патите како неа.

МИСЛИ ДЕКА ЗАСЛУЖУВАТЕ ПОДОБРО

Секоја мајка за своето дете мисли дека е најсовршено суштество на светот, и тоа е нормално. Дури и кога самите за себеси не можете да ја согледате сопствената вредност, вашата мајка знае колку сте прекрасни и колку вредите. Нејзината причина за неодобрување на вашата врска, може да биде и тоа што верува дека заслужувате подобро.

Ако вие и покрај мајчиното противење, сепак сте сигурни дека вашиот партнер е вистинскиот човек за вас, обидете се да ја смирите мајка ви и да и објасните дека тој човек вас ве усреќува. Дајте и’ време да го запознае. Ако мајчиното мислење на крајот се совпадне со вашето, сите ќе бидат пресреќни.

Какви се вашите искуства? Дали и вашата мајка се мешаше во вашиот избор? Дали беше во право? Споделете со нас во коментар!

Loading...