Фото и рецепт: Дељана Дамљановиќ – баница со прелив

Пробајте ја оваа брза баница со прелив приготвена со готови кори. Одлична е за појадок, ручек или вечера со јогурт или кисело млеко.

Потребни состојки:

4 јајца
380 г кисело млеко
1 прашок за печиво
100 мл масло
500 г готови кори
ситно сирење по желба (300-400 г)

Постапка:

Најпрво пригответе го преливот: Изматете ги јајцата заедно со киселото млеко и маслото. Посолете по вкус (ако сирењето е солено не мора) и додадете го прашокот за печиво.

Корите се зафаќаат две по две, се премачкуваат со преливот, а потоа се става малку сирење. Препорачувам да не се става премногу, бидејќи корите ќе се изгубат и ќе преовладува вкусот на јајцата.

Се виткаат во ролна, во вид на полжав или по желба и се редат во тепсија обложена со хартија за печење. Преливот што ќе остане се распоредува одозгора и убаво се премачкува.

Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути, но поради јајцата брзо ќе потемне одозгора, па затоа штом ќе фати коричка, покријте ја со фолија за да не поцрне.

Фото и рецепт: Дељана Дамљановиќ