Фото и рецепт: Дајана Џуричиќ – Моето омилено јадење, паста со кромид и компир

Рецептот е навистина едноставен, а добивате превкусно јадење за ручек. Може да се приготвува и во посни денови доколку се користат тестенини без јајца.

Се динстаат две главици кромид, па се додава малку црвена зачинска пипер во прав. На страна се варат компирите, се посолуваат, а потоа се пасираат или се оставаат на коцкички. Тестенините посебно се варат, се процедуваат, па потоа сè заедно се соединува…и тоа е тоа. Многу вкусно јадење.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г компири
400 г тестенини (јувки, кори, макарони…)
1-2 главици кромид
малку масло
сол, црн пипер и зачини по вкус
малку црвена зачинска пиперка во прав

Постапка:

Компирот измијте го, излупете го и исечете го на коцки. Сварете го во вода со малку сол околу 20 минути или додека да омекне (внимавајте да не се превари и распадне). Потоа процедете го од водата и оставете го на страна.

Тестенините исто така се варат, се процедуваат и се оставаат на страна. Кромидот се сече ситно и се пропржува на малку масло. Се додава и малку црвен пипер.

Сите состојки се соединуваат. Се посолува и зачинува по вкус. Се послужува топло.

Фото и рецепт: Дајана Џуричиќ