“Колач 15 лажици” – Старински едноставен и сочен колач со ореви – само измешај и уживај во магијата

Рецепт и видео прилог на Валентина Машковиќ: Колач 15 лажици

Поздрав до сите! Вистинско богатство е да се има тефтерот на својата мајка или баба. Во него можете да пронајдете толку едноставни, скромни а вкусни колачи за кои не ви е потребна ниту вага.

Потребни состојки:

3 јајца
2 ванилин шеќер
15 лажици шеќер
15 лажици кисела павлака
15 лажици масло
15 лажици гриз
15 лажици мелени ореви
15 лажици брашно
1 прашок за печиво
100 г сечкани ореви за одозгора

за прелив:

Loading...

400 г шеќер
200 мл вода
2 лимони (1 за сок а другиот за декорација)

Постапка:

Најпрво се приготвува шербетот: 200 мл вода и 400 г шеќер ставетете на оган, па откако ќе зоврие нека се вари 5-6 минути, па исклучете. Потоа додадете сок од еден исцеден лимон, а вториот лимон исечете го на тркалца и тој ќе се искористи подоцна за декорација.

Во подлабок сад изматете три белки, а кога ќе добиете цврст снег додадете 15 лажици шеќер и продолжете со матење додека да се добие сјај и уште поголема цврстина. Во снегот од белки додадете 2 кесички ванилин шеќер и постепено додавајте ги жолчките, една по една додека постојано матите со миксерот.

Во смесата додадете 15 лажици кисела павлака (околу 700 г или една кантичка) и продолжете со матење. Следно ставете 15 лажици масло, 15 лажици мелени ореви (јас немав доволно, па дополнив со кокос). Соединете со миксер.

На крај додадете 15 лажици гриз и 15 лажици брашно помешан со 1 прашок за печиво. Матете на помала брзина. Смесата излејте ја во плех (околу 30х20 см) обложен со хартија, рамномерно распоредете и израмнете, а одозгора наросете 100 г сечкани ореви.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени, а кога ќе фати кора прекријте одозгора со фолија или намалете ја температурата.  Проверете со чепкалка кога е печен. Топлиот колач прелијте го со изладениот сируп и декорирајте со сечен лимон на тркалца. После два часа може да се послужи. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото:

Loading...