Кокос колач од само неколку состојки

Многу едноставно се приготвува, а многу е вкусно!

Потребни состојки:

300 г кокос
250 путер / маргарин (на собна температура)
50 г шеќер во прав
(по желба можете да додадете и малку мелени бисквити)

За фил:

500 мл слатка павлака
300 г чоколадо за готвење

Постапка:

Сите состојки замесете ги со рака (ако е густо додадете малку млеко или лимонов сок – по вкус), па смесата поделете ја на два дела. Врз фолија развлечете две кори.

За фил: на оган ставете ја слатката павлака да се загрее и пред да зоврие тргнете ја на страна. Додадете искршено чоколадо и мешајте додека да се растопи. Смесата ќе биде течна.

Оставете да излади. 1/3 ставете во помал плех, па оставете во замрзнувач. Кога ќе се стегне додадете една кокос кора, па додадете 1/3 фил и повторно вратете во замрзнувач за да се стегне.

Одозгора ставете ја втората кора и најпосле последната третина од филот. Изладете и уживајте во вкусот!

Loading...