ДОМАШЕН ПИНЏУР…Едноставно рецептче, а толку вкусно….Запишете си го…Не пропуштајте го…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 кг пиперки за ајвар,
2 кг излупени домати,
½ главица лук,
1 поголема китка свеж магдонос,
2 рамни супени лажици сол,
4 супени лажици шеќер,
250 мл масло,
50 мл бел оцет 9% и
2 феферони (лути пиперчиња)

ПОСТАПКА:

Пиперките убаво измијте ги, избришете ги и испечете ги на плотна, исто како за ајвар, а потоа полнете ги во кеса или тенџере со капак и оставете да се подизладат, па излупете ги и исчистете ги од семето.

Потоа пиперките исечете ги на ситни коцки, не треба да ги мелете. Ова е еден од деталите што овој пинџур го прави единствен.

Доматите убаво измијте ги, па засечете ги како крст од задната страна и спуштајте ги краткко неколку секунди во жешка вода, па веднаш вадете ги и ставајте во ладна вода со неколку коцки мраз.

На овој начин многу полесно ќе ги излупите, а може и само кратко да ги попарите со врела вода.

СИТЕ ДОМАЌИНКИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРАВАТ ПИНЏУР СПОРЕД СВОЈ ТРАДИЦИОНАЛЕН РЕЦЕПТ: Најголемите гурмани се согласуваат дека нема ништо подобро

—СИТЕ ДОМАЌИНКИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРАВАТ ПИНЏУР СПОРЕД СВОЈ ТРАДИЦИОНАЛЕН РЕЦЕПТ: Најголемите гурмани се согласуваат дека нема ништо подобро, прочитајте ОВДЕ.

Лупените домати исечкајте ги, исто така поситно. Во длабоко тенџере ставете го маслото да се загрее на умерена температура, па додајте ги сечканите домати.

Промешајте и дадајте го ситно сечканото лукче, па продолжете со пржењето додека зеленчукот да омекне (доматот да се раскашави).

Потоа додајте ги сечканите пиперки, сечканиот магдонос, оцетот, солта, шеќерот, сечканите феферони и динстајте околу 1 час додека да добиете убава густина.

ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШЕН ПИНЏУР: Подобро од лутеница, сериозен конкурент на ајварот

Полнете ги загреаните претходно стерилизирани тегли, затворајте ги убаво херметички со чист капак и превртете ги за да се вакумираат. Завиткајте ги во ќебе или стари весници и оставете така да изладат.

Ова е мера за една доза од која се добиваат 11 мали тегли/шишиња од 300 мл. Секако, по желба зголемете ја количината. Зимницата се чува на ладно и темно место. Рецепт на Неличе/Сооlinarika.сom