Напитокот за слабеење од 3 состојки се пие само пред спиење и делува преку ноќта. Ако барате идеален начин со кој ќе го намалите стомакот без строга диета, рестрикции и гладување, тогаш испробајте го овој рецепт.

Освен што е добар за елиминација на вишокот килограми, се покажал и како добар диуретик за исфрлање на вишкот течности од телото и детоксикација на организмот.

Со овој напиток за слабеење многу е важно здравно да се храните и да бидете физички активни. Искуствата на корисниците се многу добри и позитивни, но резултатите не се случуваат магично преку ноќ.

Чајот се пие само навечер пред спиење и секогаш свежо приготвен. Ако во претходниот период сте добиле некој вишок килограм, верувајте не сте единствени. Недостигот на движење и физичка активност за време на изолацијата, влијаеше врз општата психофизичка состојба, па и врз телесната тежина. Но, не грижете се, сè ќе се врати во нормала…

Овој напиток ќе ви помогне да ослабете, но тој не е семоќен. Мора да почнете да се движите, да бидете физички активни и да започнете здраво да се храните.

Потребни состојки:

2 полни лажици свеж магдонос
300 мл вода
1 полна лажичка ѓумбир во прав

Постапка:

Исечкајте го ситно свежиот магдонос. Водата ставете ја на оган, па откако ќе проврие додадете две полни супени лажици сечкан магдонос. Поклопете и оставете уште 2-3 минути да проврие, а потоа тргнете на страна да отстои 10-тина минути. Процедете го чајот и додадете полна лажичка ѓумбир во прав. Промешајте и вашиот напиток е готов за консумирање.

Напитокот се пие еднаш дневно, еден час пред спиење, во континуитет од 14 денови. Потоа направете пауза од најмалку 3 дена, а потоа по желба можете да ја повторите постапката.

Поединци тврдат дека со овој напиток успеале да ослабат 5 килограми за 14 дена, што навистина е за респект. Деталите погледнете ги во видеото: