Како да се подготвите за бикини тело за помалку од еден месец, раскажува Сабина Тубиќ.

-На многу здрав начин, во само три чекори може да ослабете и да го доведете своето тело до совршенство – вели Сабина и напоменува дека за тоа е потребно строго да ги почитувате нејзините совети.

ПРВОТО правило е дека мора да пиете многу вода. Заборавете ги соковите и обидете се да пиете најмалку 2-3 литри вода дневно, бидејќи тоа може многу да помогне.

Доколку не сте навикнати да пиете вода, постои трик со кој ќе го подобрите нејзиниот вкус и тоа навистина успева.

Потребни ви се само две состојки, а тоа се лимон и краставица, кои не само што ќе го подобрат вкусот на водата, туку ќе направат и природен детокс на вашето тело. Ќе ви помогне да ги исфрлите сите токсини.

Измијте ги добро лимонот и краставицата, исечете ги на тенки тркалца и ставете ги во бокал вода од 1,5-2 литри. Оставете го да отстои во фрижидер неколку часови или преку цела ноќ. Овој напиток многу ќе ви помогне во вашата мисија – да постигнете совршено тело.

ВТОРОТО правило е дека мора да бидете физички активни. Доколку не сакате да вежбате и да одите во фитнес центри и теретани, тогаш обидете се со трчање или брзо одење во времетраење од барем половина час.

Ова е потребно да го спроведувате секојдневно, бидејќи ќе ви помогне да ги стопите масните наслаги и да го обликувате вашето тело. Ако не го сакате ниту трчањето или брзото одење, тогаш барем пешачете во времетраење од 1-1,5 час дневно. За еден месец ќе постигнете одлични резултати.

ТРЕТОТО правило се однесува на замена на некои намирници со поздрави намирници. На пример, јас порано јадев некои намирници во помали количини, но не бев свесна дека токму тие ми прават големи проблеми и ме дебелеат (чоколади, чипсови, газирани пијалаци), па така откако нив ги заменив со поздрави варијанти, добив неверојатни резултати.

1.кока колата заменете ја со диетален сок без калории.

2.чипсот заменете го со банани, јаболка, мандарини…

3.чоколадото заменете го со сендвич приготвен од јаболко (две парчиња јаболко премачкани со многу тенок слој џем)