Во периоди кога се менуваат временските пригоди и се зголемуваат инфекциите, имунитетот опаѓа, па организмот често е цел на вирусни и бактериски на-пади кои можат да предизвикаат различни респираторни заболувања.

Рецептот што ќе го прочитате во продолжение е доста стар, а се употребувал уште многу одамна за убалжување на кашлицата и исфрлање на вишокот слуз од белите дробови, но и од синусите. Се покажало дека овој домашен лек има доста ефикасно дејство и за само два дена се чувствува големо подобрување во состојбата.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар вода, 20 парчиња чист локум (без додатоци и ароми), 20 тврди, зелени ментол бонбони, неколку ливчиња од билката Слаткарче, позната кај народот уште под следниве имиња: Барбароза, Итер, Розетка (лат. Pelargonium gravedens).

ПОСТАПКА: Во еден литар вода се додаваат 20 парчиња чист локум. Смесата се вари на умерена температура, додека течноста да се преполови. Пред крајот се додаваат 20 ментол бонбони, па се меша додека тие да се растопат. Се трга од оган, па се додаваат неколку ливчиња (по вкус, 2-3) од билката слаткарче. Сирупот се складира во стаклено шише и се чува во фрижидер.

Употреба: Се пие по една голема лажица, трипати на ден, пред оброк. За деца, по една чајна лажичка. Се пие неколку денови додека да се смири кашлицата, но резултатите се очекуваат после 2-3 дена. Во продолжение прочитајте уште една верзија на овој рецепт, па одберете кој повеќе ви одговора (ефикасни се подеднакво).

РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки: 400 г мед, 20 листови мелено слаткарче, 20-30 мелени бадеми, 1 лажица цимет, 4 лимони (2 лимони сомелени со кора, без семки, 2 само сок) – опционо, може смесата да се приготви и без лимон.

Постапка: Се мешаат сите состојки и смесата се чува во стаклен сад во фрижидер. Се конcyмира по една лажица наутро и навечер во период од три месеци. Потоа се прави пауза од еден месец и се повторува постапката.

Оваа смеса помага и за срцеви б олни и слаби нер-ви. Совет: Бадемите е најдобро да бидат сирови и преку ноќ потопени во вода. Следниот ден излупете ги, па тогаш сомелете ги заедно со листовите од слаткарчето.

РЕЦЕПТ 3 – ЛЕК ЗА СУВА КАШЛИЦА. Потребни состојки: 2-3 листови слаткарче, 2-3 супени лажици босилек, 2-3 ореви кршени со лушпа, 500 мл вода. Постапка: Сите состојки се варат околу 5 минути. Се поклопува и по 10-тина минути се процедува. Се распоредува на 3-4 еднакви д ози и се пие во текот на денот пред јадење. По желба се засладува со мед.

РЕЦЕПТ 4 – ЛЕК за исфрлање на секретот од белите дробови и синусите: 10 негро бонбони, 10 ливчиња слаткарче, 10 локумчиња, 500 мл вода. Постапка: Се загрева водата па се додаваат бонбоните и листовите од слаткарчето. Штом започне да врие се додаваат и локумчињата и се меша полека додека да се растопи смесата.

Се вари сè додека да се преполови и да згусне. Се складира во сув и чист сад и се остава така да излади. Се добива смеса слична на мармалад. Се конcyмира по едно лажиче наутро. Лекот се чува во фрижидер.

РЕЦЕПТ 5 – АНТИВИ-РУСЕН ЛЕК. Потребни состојки: 2 чаши вода (450 – 500 мл вода), 1 лажичка слаткарче, 1 лажичка сув ѓумбир. Постапка: Во лонче со ставате две чаши вода. Потоа додајте 1 лажичка слаткарче и 1 лажичка сув, мелен ѓумбир. Оставете да зоврие водата, а потоа продолжете со варење на средна температура околу 10 минути.

Поделете ја течноста на два дела. Едната половина испијте ја веднаш кога ќе станете од спиење наутро, а другата половина оставете ја за попладне. Пред да ја испиете втората половина од чајот, загрејте го малку на шпорет во тенџере.

Слаткарчето има бројни лековити својства. Има многу сложен хемиско – хранлив состав, што го прави единствен меѓу лековитите растенија. Има голем број на лековити својства, но особено е корисен врз респираторниот и дигестивниот тракт.

Оваа билка се користи за производство на сирупи против кашлица и чир на желудник. Слаткарчето е докажан лек во заздравувањето на воспалението на грлото, синусите и белите дробови.

Најдобар начин за конcyмирање на слаткарчето е во форма на чај. Покрај бенефитите за респираторниот систем, оваа билка има многу силно влијание и врз имунолошкиот систем. За проблеми со стомакот, најдобро е да ја комбинирате со кантарион и тегавец.