Фото и рецепт: Драгана Квасина

Потребни состојки:

500 г брашно
1 лажица сол
1 лажица шеќер
1 лажица сув квасец
1 лажица маст или маргарин/путер
1 лажица кисела павлака
млако млеко по потреба

Постапка:

Од наведените состојки со постепено додавање на млако млеко (помалку од половина литар или колку ќе биде потребно) замесете ни меко ни тврдо тесто.

Покријте го и оставете го да стасува за да се удвои. Потоа премесете го, па оставете го уште еднаш да стасува.

Смесата истресете ја на набрашнета површина и обликувајте го тестото во сплесната топка.

Вака обликуваниот леб ставете го во мала тепсија (јас го ставив во тава без рачки, зошто немав толку мала тепсија).

Оставете го да стасува уште 15-тина минути.

Ставете го лебот да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу половина час. Готовиот леб премачкајте го со малку маст или путер.

Фото и рецепт: Драгана Квасина