Сирупот се чува во фрижидер, а се употребува како и секој друг сируп, по една лажица трипати на ден, распоредени на еднакви временски растојанија.

Ова е одличен рецепт за приготвување на домашен сируп кој ја смирува кашлицата и болките во грло.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл пиво
150 г шеќер
Малку суво нане или кесичка чај

ПОСТАПКА:

Шеќерот ставете го на оган да се растопи и карамелизира.

Кога шеќерот ќе се растопи се додава пивото, па на тивок оган се готви околу 45 минути додека пивото да испари и да остане само сирупот.

На страна направете малку чај од нане, па кога сирупот е пред крај (5-10 мин пред крај, кога ќе започнат да се појавуваат мали меурчиња и да наликува на сируп), додадете го и заедно промешајте ги.

Готовиот сируп тргнете го од оган (добивате околу 250 мл сируп)  да се излади па складирајте го во стаклена тегличка или шишенце. Се чува во фрижидер.

Употреба: Возрасни по 1 лажица на ден, трипати дневно половина час пред оброк или по потреба, а деца – мала лажичка.