Домашен Киндер Милк Шнит, млечен колач за сите возрасти

Потребни состојки:

6 јајца

6 лажици шеќер

6 лажици брашно

2 лажици какао

1 прашок за печиво

6 лажици топла вода

За фил:

500 мл слатка павлака

1 кесичка желатин

4 лажици ладна вода

За чоколаден прелив:

200 г чоколадо

2 лажици масло

50 г путер/маргарин

50 мл вода

За глазура:

100 г чоколадо

50 г путер/маргарин

2 лажици масло

Постапка:

Изматете 3 белки со 3 лажици шеќер, потоа додадете жолчки и соединете, па додадете ги сувите состојки, 3 лажици брашно, 1 лажица какао, 1/2 кесичка прашок за печиво и 3 лажици топла вода.

Промешајте со лажица и излејте ја смесата во плех обложен со хартија и печете на 200 степени околу 10-15 минути. На истиот начин направете уште една кора.

Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете 10 минути да набубри. За тоа време изматете ја слатката павлака. На тивок оган растопете желатин, па додадете во изматената слатка павлака и матете додека да се соедини.

Во еден сад растопете чоколадо за прелив, со масло, путер и вода, па изладете.

Кората премачкајте ја со половина од изматената слатка павлака, потоа нанесете прелив, ставете 10-тина минути во фрижидер, па нанесете го и вториот дел од филот.

Ставете ја втората кора и на крај глазурата.

Оставете да се стегне, па сечете по желба.

Претходна статијаПита со сирење која се топи во уста…па не сте пробале ваква досега
Следна статијаДомашен сируп за исфрлање слуз од белите дробови – без јајца