I РЕЦЕПТ – Домашен чај против уринарни инфекции, се приготвува лесно од пет состојки и се пие секој ден. Сушените бусници со додаток од уште неколку суви состојки даваат  одлична арома на чајот и навистина вреди да се испроба. Добар е за имунитетот, вкусен, но исто така и многу лековит.

Брусницата има голем бенефит за човековото здравје, а чајот од брусница помага кај уринарни инфекции, како и во превенција од сите бактерии во уринарниот тракт. Топлиот чај од брусница делува смирувачки врз организмот, а помага и за ублажување на менструланите тегоби кај жените.

Потребни состојки: Една полна рака сув плод ос брусница, 1 супена лажича сув цвет од хибискис, 1 супена лажица суви и сомелени шипинки, 1 цело јаболко, претходно исечено на листови, исушено и издробено ситно, 1 мала лажичка цејлонски цимет во прав.

Постапка: Сите состојки измешајте ги и чувајте ја мешавината затворена во стаклена сад (тегла). По потреба гответе го чајот на следниот начин: на една шолја чај од 200 мл се користи 1 полна супена лажица од мешавината. Ставете ја водата на оган да зоврие.

Штом зоврие водата, веднаш намалете ја температурата на најтивко, додадете една полна супена лажица од мешавината од суви билки, промешајте, поклопете и оставете да се вари на најтивко уште 7-8 минути. Потоа тргнете го од рингла и оставете го на страна поклопено уште 10-тина минути.

Процедете го чајот и засладете го со малку мед по желба. Медот се става кога чајот е млак. Се пие топол, еднаш до трипати во текот на денот, во период од десеттина дена или додека да исчезнат тегобите. Во чајот може да истискате и малку сок од половина лимон.

II РЕЦЕПТ – РЕЦЕПТ ЗА ЧАЈ КОЈ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ ГО НАМАЛУВА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК. Овој чај освен што е вкусен, овозможува внес на хранливи материи, а поттикнува излачување на соли и вишок течности со што прифонесува кон намалување на крвниот притисок.

Потребни состојки: 50 г брусница, 200 г органски целер и 600 мл вода. Постапка: Измијте го целерот и исечкајте го, па заедно со брусницата варете го околу половина час. Потоа процедете и пијте го чајот колку што можете. Брзо ќе почувствувате подобрување.

Напомена: Чајот не ја лекува состојбата, само ги олеснува тегобите. За да го решите проблемот со високиот крвен притисок, најдобро е детално да се прегледате на лекар за да се дијагностицира примарната состојба која доведува до покачување на крвниот притисок.

III РЕЦЕПТ – Пробајте го прочуениот лековит напиток МОРС од брусница за јакнење на имунитетот. Поради своето природно својство долго да остане во свежа состојба, особено преку зима и ладните руски услови, брусницата одамна се нашла меѓу најчесто користените природни состојки од кои се приготвуваат разни народни лекови.

Црвениот плод од брусница има киселкаст, но многу освежителен вкус, а успева во студените делови од северната хемисфера и многу е отпорен на студ – може да издржи температури и до -40 степени Целзиусови.

Токму од брусница се приготвува прочуениот напиток “Морс”, руски лекови напиток за јакнење на имунитетот. Морс во Русија е популарен не само по својот киселкасто-сладок вкус, туку и поради лековитото дејство да го јакне имунитетот, особено во текот на зимскиот период.

БОГАТСТВО ОД ВИТАМИН Ц – Морс е руски народен лек богат со витамин Ц кој потекнува од брусницата, а со оглед на тоа дека се приготвува со мед и лимон, овој напиток може да елиминира разни причинители на инфекција и да ги ублажи сите постоечки воспалителни процеси во телото.

За приготвување на напитокот Морс ќе ви бидат потребни следните намирници: 2 шолји брусница, еден литар минерална или изворска вода, мед по вкус и сок од половина лимон.

РЕЦЕПТ за приготвување на Морс напитокот, чекор по чекор. Брусниците измијте ги и процедете ги во цедалка поставена над длабок сад. Стискајте со некоја чаша или друг соодветен предмет за да ги изгме-чите и од нив да го исцедите сокот.

Откако убаво ќе ги истискате и ќе го исцедите сокот, добиената комина-пулпа “месото” на плодот, односно она што ќе остане од плодот, ставете го во тенџере, прелијте со еден литар вода и оставете да зоврие. Откако ќе озврие намалете го огнот и на тивко оставете да се вари уште 8-10 минути.

Потоа тенџерето тргнете го на страна и оставете го поклопено да отстои уште 20 минути. Потоа повторно процедете ја содржината, односно добиената “чорба” и убаво истискајте за да добиете што повеќе сок.

Измешајте ги првиот свежо исцеден сок со вториот, после варењето на брусницата. Промешајте убаво за да се изедначат течностите, па засладете по желба со неколку лажици мед и додадете исцеден сок од половина лимон (или по вкус). Овој напиток можете да го послужите топол, но и ладен со многу коцки мраз во него.

Доколку сакате овој овошен напиток да го направите уште полековит, тогаш во “чорбата” додадете и заедно сварете издробени зачини како што се кардамом, сув ѓумбир, цимет, каранфилче и зрна од црн пипер. Како се подготвува овој напиток можете да погледнете во видеото ОВДЕ.