Веќе одамна во светот е позната аквапониката, односно одгледување растенија на вода. Овој начин на одгледување е еколошки чист, билките се хранат од водата и прихраната која се додава од неа, па затоа не фаќаат болести и штетници.

Поради тоа нема потреба да се прскаат со пестициди, ниту да се додаваат разни опасни ѓубрива.

Билките одгледани со аквапоника се смета дека не само што се органски поквалитетни, туку и според составот на минералите и витамините дека се многу побогати од класично одгледуваните билки.

Но, аквапониката е цела наука, а ние ќе се задржиме само на еден мал сегмент, она што нас нè интересира, а тоа е одгледувањето на зачински билки во домот. На овој лесен начин во секој момент ќе имаме свежи билки при рака.

Она што ни е потребно се стаклени тегли, свежа вода и грст свежи зачини. Исто така, за да бидат билките бујни и постојано да растат, добро е да се прихрануваат со аквапонично ѓубриво кое се купува од цвеќарници или земјоделски аптеки.

Доколку веќе одгледувате во вашата градина или пак во вашите саксии на балконот, снабдувањето со билки ќе ви биде многу полесно. Доколку немате свежи билки, побарајте неколку гранчиња од соседите, пријателите или купете од пазарите.

Може да одберете било кој зачин, а правилата важат за сите:

-исечете гранче од билката, исчистете ја од долните ливчиња. Имајте во предвид дека во водата не смее да има листови, бидејќи тие ќе скапуваат и ќе предизвикаат развој на фунги и мувла.
-оставете неколку ливчиња на врвот
-ставете го гранчето во тегла со вода на собна температура.

На овој начин можете да одгледувате:

-нане – на делумно сончев прозор
-оригано
-жалфија
-босилек – потребни му се 6-8 часа да биде изложен на сонце во текот на денот
-стевија – не и потребно постојано сонце
-тимијан – на сончево место
-рузмарин
-копар и др.

Најдобро место за да ги оставите билките е покрај прозор, каде ќе примат доволно сончева светлина. Повремено додавајте вода во теглите, бидејќи делумно ќе ја искористува билката, а делумно ќе испарува.

Откако ќе пушти коренчиња, продолжете ја истата постапка, додека убаво да зајакне коренската мрежа, а потоа започнете еднаш седмично со аквапонска прихрана, или според упатството на производот. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:

https://youtu.be/W5oCcgGixR0