Неброени се луѓето кои мака мачат со лошата крвна слика и анемија. Кај овие состојби, обично се препишуваат суплементи од железо и намирници богати со овој минерал. Но, малкумина знаат дека постои комбинација од природни намирници која може да направи чудо за крвната слика и воопшто за здравјето на целиот организам.

Пред нешто повеќе од една година, една читателка за НМД откри еден стар рецепт кој се користи за лекување на бројни тешки болести. Рецептот го испробаа многу луѓе и споделија позитивни искуства. Една жена откри дека овој рецепт и помогнал на мајка и да си ја поврати крвната слика која и била очајно лоша после хемотерапијата:

“Мајка ми веќе подолго време има проблем со крвната слика, многу низок број на еритроцити (црвени крвни зрнца), а со самото тоа и ниско железо и хемоглобин во крвта. Сето тоа и се случи како последица на миомот на матката кој предизвика да изгуби многу крв.

Откако ги испи сите тераписки циклуси препорачани од лекарите, кои имаа многу слаб ефект, случајно го дознавме овој природен лек од една жена. Имено, и таа боледувала од карцином на дебело црево и исто поминала низ хемотерапија.

Слично како и кај мајка ми, и нејзе хемотерапијата и ја уништила крвната слика. Како што ја уверуваше мајка ми, таа се опоравила од овој лек. Откако го направивме лекот и откако мајка ми го испи, отиде да ги повтори анализите кај докторката, а таа ја прашала – “Со што ја поправивте вака брзо крвната слика, дајте ми го рецептот?”

Од истите причини, како што нам ни помогна жената, така и ние сакаме да го споделиме со вас рецептот, за сите што го имаат истиот проблем, да си го направат и да си го најдат спасот” – вели оваа жена.

Потребни состојки: 300 г алое вера (свежа билка), 400 г дифка (порано се користеше како замена за кафе), 400 г мед во саќе, 500 мл вино од капини (од аптека) и 500 мл алкохол од аптека (70%)

Постапка: За приготвување на лекот ќе ви биде потребна голема стаклена тегла. Сите состојки сомелете ги, па додадете го виното од капини, алкохолот и добро промешајте, најдобро со дрвена лажица.

Затворете ја теглата и оставете ја три дена да отстои со повремено промешување. После три дена, земете стерилна газа од аптека и процедете ја содржината. Добиената течност има темна боја и конзистенција на густ сок. Складирајте ја во стаклено шише или стаклени тегли.

Консумирајте трипати дневно по една лажица. По испиената доза направете анализа на крвта и уверете се во ефикасноста на овој рецепт. На мајка ми и помогна, се надевам дека и вам ќе ви помогне. Овој напиток им се препорачува на сите што имаат лоша крвна слика како последица од некое малигно заболување, анемија од искрвавување, на бубрежни болни, вегетаријанци и други кои се анемични.

Овој лек можете да го пиете колку што сакате, во препорачаната дневна доза, а единствен нус ефект е неверојатното поправање на крвната слика. Дополнителни информации: Анемја претставува намалување на бројот на црвените крвни зрнца, концентрација на хемоглобинот и масата на еритроцитите.

Се смета дека 10% од човековата популација боледуваат од анемија. Во црвените крвни зрнца се наоѓа хемоглобинот, за кој се врзува кислородот, се претвора во оксихемоглобин и до пренесува кислородот до сите ткива во нашиот организам.

СИМПТОМИ ЗА АНЕМИЈА – Симптомите зависат од неколку фактори, првенствено од возраста на болниот, брзината со која се појавила анемијата и општата состојба на болниот. Благата анемија обично не дава никакви симптоми, освен: општа слабост, малаксалост и неподнесување на тежок физички напор.

Средна до тешка анемија предизвикува симптоми како што се: главоболка, намален апетит, бледило на кожата, изразена слабост и изнемоштеност, неподнесување на нормални физички напори, брзо чукање на срцето, слаби и кршливи нокти.

ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПРЕПОЗНАЕНА И НЕЛЕКУВАНА АНЕМИЈА – Последиците од анемијата која не се препознала и не се лекувала кај децата, се: благ моротички застој во развојот, промени на психички план во вид на хиперактивност и незадоволство во однесувањето.

Исто така, на интелектуален план во вид на послаби резултати на тестовите по интелигенција во однос на децата од иста возраст, кои не се анемични. Не е сосем сигурно, дали опоравувањето на тие функции е возможно во целост и после излекувањето на анемијата.