Фотографија и рецепт на Станислава Јанева

Потребни состојки: 200 мл јогурт, 1 јајце, 20 мл масло, ½ лажичка сол, ½ лажичка шеќер, 1 прашок за печиво и 400 г брашно

Постапка: Во еден сад ставете ги по ред сите состојки. Промешајте добро, а на крај додадете го просеаното брашно. Мешајте со дрвена лажица, а потоа и со раце додека да добиете меко мазно тесто.

Тестото оставете го во садот и покријте го со проѕирна фолија, да одмори 15 минути.

Потоа тестото истресете го на набрашнета површина, формирајте го нежно во ваљак и пресечете го да добиете 4 еднакви делови. Од секој дел формирајте топче.

Секое топче со дланката расплескајте го врз набрашнета површина во величина на чинија.

Лепињите ставете ги да се да печат, една по една во ненамастена загреана тава. Печете ги рамномерно од двете страни додека убаво да се запечат.

Секоја испечена лепиња додека е врела премачкајте ја со малку путер.

Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото подолу: