Заболел од два рака, докторите не му давале шанси, но тој ја победил болеста. Еве како успеал!

Тој не се предавал. Ги слушал лекарите, ама продолжил спасот да го бара во народните лекови.

После 10 години борба за живот и операции на дури два канцери, на грлото и на белите дробови, 62-годишниот Божо Којовиќ, конечно може да се опушти.

Иако лекарите му давале многу мали шанси дека ќе преживее, сепак Божо одлучил да не се предава. Со испоснички изглед и мали надежи дека ќе се опорави, тој смогнал сили за да се информира за злокобните болести, начинот на лекување и можните алтернативни лекови.

“Сè направивме за да му ја олесниме болеста, да му помогнеме. Што и да слушнев, му правев, се обидував на сите начини да го извлечеме од смртта…”-вели неговата сопруга Босилка.

Божо го променил и начинот на исхраната, ги оставил цигарите и алкохолот, а водата за пиење ја заменил со сурутка и чаеви.

Покрај пропишаните лекови, користел млади цветови од бор и мед од глуварче. Рецептот за лекот од кој Божо се опоравил не е тајна, вели неговата сопруга.

Се корне коренот од глуварче. Треба да се внимава кога ќе се корне да не се оштети, туку целиот да се откопа. Не смеат од него да истечат лековитите сокови.

Потоа на четири литри вода ставам една шака корен, тоа треба да се загрее до вриење, само една минута. Се остава така да отстои 10-тина минути, по што се процедува. Се додава една лажица мед и се пие – вели Босилка.

На сите кои се заболени од оваа злокобна болест, Божо им порачува да ги слушаат советите на докторите, но и да си ги земаат природните лекови. Можете да го погледнете видеото: