Станува збор за 42 годишната Кејти Вилсон која поминала речиси цела деценија по лекарски ординации, но тие никако не успевале да ја утврдат нејзината дијагноза.

Жената постепено се повеќе го губела здравјето и свенувала, а докторите биле немоќни и не можеле да ја откријат причината за нејзината состојба.

Биле направени бројни истражувања по кои таа чекала одговор, но сè било попусто. Немало одговори во текот на десет години. Нејзината состојба се влошувала, а едно време веќе не можела ниту да оди без бастун.

Со денови поминувала во кревет, надевајќи се дека по некое чудо ќе и се врати силата.

Нејзиниот проблем на крај успеале да го решат луѓе кои не се од областа на медицината и не се доктори, туку луѓе кои дошле да ја поправат нејзината бања.

Сите биле изненадени од тоа што ова откритие не го направиле докторите, туку дијагнозата ја дале двајцата мајстори кои во правливи одела и џип дошле во нејзината куќа.

После 10 години живеење во кошмар, одлучила да си купи нова бања. Се борела со оваа мистериозна болест повеќе од една деценија, па сакала да си направи себеси една просторија во куќата во која без проблем ќе може да се опушти и релаксира.

Повикала градежна фирма, а тие и рекле дека ќе направат сè што е во нивна моќ. Го средиле тушот, а потоа додале модерни плочки, го промениле стариот бојлер, а потоа откриле нешто што сите ги шокирало.

Имено, стариот бојлер кој бил поставен пред 10-тина години бил погрешно приклучен. Притоа, тој испуштал отров од кој оваа жена постепено се разболувала.

Станува збор за јаглероден моноксид (CO), оксид на јаглеродот. Тој спаѓа во групата на неметални оксиди. Се добива при непотполна оксидација (горење) на јаглеродот. Тој е безбоен гас, без мирис и е доста отровен. Оксидира и гради јаглероден диоксид.

Целата сторија можете да ја погледнете во видеото: