Доктор визионер ги лекува болните со храна: Неговиот рецепт за лековитата супа го обиколи светот

Ставот на овој доктор е: Храната е најдобриот лек!

Д-р Хенри Билер е американски визионер, доктор и автор на книгата “Храната е најдобриот лек” во кој тој наведува методи за лекување на различни болести со посебна исхрана. Тој верува дека телото има способност да се излекува самото.

Loading...

Неговата популарна супа е богата со калиум, го алкализира телото и го стимулира црниот дроб и надбубрежните жлезди. Супата исто така, му помага на панкреасот да го контролира шеќерот во крвта.

Лековитите својства на супата овозможуваат намалување на воспаленијата, подмачкување на зглобовите/сврзните ткива, а се верува и дека ја подобрува меморијата и помага во развивање на интелигенцијата.

Оваа супа е најдобриот начин за детоксификација на телото. Билеровиот булјон (супа) е добар начин да се започне денот или едноставно може да се послужи со ручекот.

Потребни состојки:

4 тиквички со средна величина, исечкани
3 шолји боранија (потсечени краеви)
2 стебленца целер (исечкани)
2 китки магднос
250 мл филтрирана вода
малку топено масло (ghee) или кокосово масло (не е задолжително)
морска сол по вкус

Постапка:

Ставете вода, тиквички, боранија и целер во поголемо тенџере.

Оставете водата да проврие, па намалете го огнот и оставете да се готви половина час, додека зеленчукот да омекне.

Внимавајте да не го преварите зеленчукот и да не го готвите предолго за да не ги изгубите хранливите материи.

Префрлете ја мешавината во блендер и додадете една шака или повеќе свеж лист од магдонос, па добро измиксајте додека да добиете убав и мазен крем.

Ако приготвувате поголема количина, најдобро е мешавината да ја изблендирате на неколку наврати. Додадете малку масло во секоја порција за да ја згусните текстурата и да ги зголемите лековитите својства.

Доколку тоа е возможно, секогаш користете органски зеленчук. Можете да додадете и повеќе тиквички наместо боранија и обратно.

Исто така, според вашиот вкус, можете а ја згуснете или разредите супата. Важно е само да ги отстраните краевите од боранијата за полесно да се изблендираат.

За д-р Хенри Г. Билер: Студирал медицина на Универзитетот во Синсинати, каде бил под доживотно влијание на д-р Мартин Фишер, големиот физиолог и филозоф. Повеќе од 50 години д-р Билер лекувал илјадници пациенти од кои бројни филмски ѕвезди, политичари, земјоделци, рудари… Тој на свет донел илјадници здрави бебиња, вклучувајќи ги своите деца и внуци. Починал во октомври 1975 година.

Loading...