Доктор Горан Милосављевиќ, кој со години работи во Ургентниот центар, посочи важни насоки, за тоа како на полесен начин да ги издржиме високите температури во текот на летото.

Во таа прилика тој објасни дека топлината го исцрпува и дехидрира телото и дека поради тоа луѓето, особено оние кои живеат во станови, речиси никогаш не го исклучуваат клима уредот, што не е во ред. Меѓутоа, кога станува збор за спиењето со вклучен клима уред, неговиот совет сите ги изненади.

– На многу високи температури треба да бидете умерени во сè. Јадете полесна храна која полесно се вари, јадете повеќе овошје и зеленчук. Пијте повеќе течности, а што се однесува до разладувањето со клима уред, не треба да правите голема разлика во однос на надворешната температура – истакнува д-р Милосављевиќ.

А потоа ги изненади сите со советот кој се однесува на користење клима уред преку целата ноќ додека се спие.

– Па, можеби е подобро да спиете со вклучена клима, се разбира не директно под неа. Нека работи клима уредот во соседна просторија, бидејќи ако не се оладиме, нема да можеме да се наспиеме и одмориме за следниот ден – нагласува докторот.

Меѓутоа, неговиот совет не треба погрешно да се сфати, односно, во никој случај не е добро да се спие во просторија со клима уред.

Тогаш е подобро да го вклучите само еден час пред спиење или колку што е потребно за да се разлади просторијата, а потоа да го исклучите. Во спротивно, постојат големи шанси да се разбудите вкочанети или настинати.

Посебно го истакна фактот дека горештините се исцрпувачки и дека е неопходно да се одмори во текот на денот.

– Легнете и одморете се во оладена просторија, само така ќе акумулираме енергија за следниот ден. Секако, ги советуваме нашите постари сограѓани да не излегуваат кога е најтопло, туку да си ги завршат обврските во раните утрински или вечерни часови – заклучи доктор Горан Милосављевиќ.

Неправилната употреба на клима уредот може да предизвика голем број здравствени проблеми, кои особено се однесуваат на чувствителните луѓе и кардиоваскуларните пациенти, а покрај проблемите со срцето, не треба да заборавиме дека вкочанетост на мускулите на лицето (воспален нерв) и болки во вратот може да се јават по изложеност на провев и директно струење од клима уредот..

Затоа лекарите потсетуваат дека преминот од топла во ладна средина и обратно не треба да се прави наеднаш и советуваат при излегување од разладена просторија да поминете кратко време во просторија која нема толку голема температурна разлика за да може телото да се прилагоди на наглиот скок на температурата.

Дополнително, лекарите посочуваат дека е многу важно клима уредот да биде исправен и правилно исчистен со чисти филтри, во спротивно може да предизвика големи проблеми кај астматичарите, децата, хроничните пациенти, но и целосно здрав човек.

– Прво треба прво да се исчисти климата бидејќи има многу бактерии кои можат да предизвикаат пневмонија. Од друга страна, температурата не смееме да ја држиме со голема разлика од надворешната, таа треба да има само неколку степени разлика.

Третата работа е што сите сакаме да ги оладиме собите под 20, но ова апсолутно не е здраво од многу причини, бидејќи тоа не е природно.