Секојдневната употреба на цимет може да придонесе за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, да го забрза метаболизмот, да го продолжи чувството на ситост и со тоа да влијае на слабеењето.

Поволно делува на дигестивниот систем – го регулира варењето и ја намалува надуеноста, кои се вообичаени проблеми при обидите за слабеење.

Прелиминарните истражувања, кои ги докажаа сите придобивки од циметот, беа претставени на почетокот на 2017 година на конференцијата на Американското здружение за срцеви болести.

Во текот на 12 недели, научниците им давале на стаорците додатоци во исхраната на база на цимет додека ги хранеле со висококалорична храна.

Тестовите спроведени на стаорци пред и по завршувањето на експериментот покажале дека по земањето додатоци со цимет, тие имаат повеќе антиоксиданси во телото отколку порано.

Исто така, нивната вкупна тежина и обемот на половината се намалиле, без разлика што јаделе мрсна и тешка храна.

Докажано е дека циметот има многу здравствени придобивки. Покрај придобивките наведени погоре, тука е и подобрувањето на дигестијата, како и подобрувањето на функцијата на мозокот, поконкретно побрзо разбирање на новото градиво, пишува Daily Mail.

Според истражувањето спроведено во Медицинскиот центар на Универзитетот Раш во Чикаго во 2015 година, докажано е дека циметот го зголемува производството на протеини кои помагаат во организирање и проток на информации.

Истражувањето вели дека доволно е секој ден да ставите прстофат мелен цимет во кафе или во житарици за да ја подобрите меморијата. Циметот е полн со антиоксиданси, помага во намалување на нивото на шеќер во крвта и може да спречи разни воспаленија.

Во една студија спроведена во 2010 година, докажано е дека водата со цимет содржи доволно антиоксиданси за да ги намали шансите за вишок килограми за дури 23 проценти. ЦИМЕТ ВО ГАЗИРАНА ВОДА: Намалува до 7 кг за една седмица ако го пиете вака – прочитајте ОВДЕ.