Докторот Стивен Гандри, светски признат кардиохирург, на залезот од кариерата одлучи да се посвети на исхраната на своите пациенти.

После децении класично лекување на пациентите и повеќе од десет илјади операции на срце и крвни садови, д-р Стивен Гандри пред 15-тина години одлучи да се посвети на лекување на пациентите со помош на храна, наместо со современите медицински средства.

Кога д-р Гандри се сретнал со пациентот кој успеал со помош на диета да ги опорави крвните садови, тој бил одлучен да се посвети на овој метод кој и самиот започнал да го практикува.

Имено, неколку години претходно тој одбранил докторска дисертација на тема хумана еволуциона биологија, во која изнел диететски препораки кои подоцна ги слушнал од својот талентиран пациент.

Крвните садови на тој пациент биле како препородени, масните наслагите во нив биле намалени за 50% во однос на претходната снимка.

-Кога медицината би можела да ги намали наслагите во крвните садови со некои од лековите, само за половина процент, тој лек би станал светски хит! – вели д-р Гандри и додава дека статините и сличните лекови немаат ни мал дел од можностите кои ги нуди исхраната.

Во неговата приказна за исхраната постојат многу тези кои ќе ги провоцираат сите правци кои досега постојат во исхраната: и вегетаријанците и кето диетичарите, како и љубителите на сировата исхрана.

Имено, тој во книгата “Парадокс на билките” тврди дека постојат билки кои можат да бидат опасни по здравјето, а тоа се билки кои се доста редовни и вообичаени во секојдневната исхрана.

Овде ќе се задржиме само на некои детали од објаснувањата во книгата, но добро е секој од нас да ја прочита. Гандри препорачува исхрана со варена храна, со доста маслиново масло, за сите кои имаат проблем со кардиоваскуларниот или дигестивниот систем.

Тој особено нагласува дека билките се бранат од штетниците со разни хемиски материи, бидејќи и тие сакаат да живеат и имаат некој облик на свест, исто како и животните.

Затоа билките се трудат со помош на своите хемикалии да ги одбијат штетниците или да ја намалат репродуктивната способност на своите консументи.

За таа цел ја користат супстанцијата наречена “лектини”. Лектините првенствено се наоѓаат во семките и предизвикуваат голем број симптоми кај човекот. Како на пример, рицинусовото масло содржи особено токсичен лектин, а гравот пак, содржи лектин кој е неопходно добро да се свари.

Доктор Гандри вели дека и глутенот од житариците е лектин. Иако тој не е вегетаријанец, сепак не препорачува месо во исхраната. Неговата тајна состојка е природното, ладно цедено маслиново масло.

Тој и својата сопруга консумирале по 1,5 литар маслиново масло во една седмица. Покрај тоа држи специфичен пост во времетраење од пет месеци, помеѓу јануари и јуни. Во тој период јаде само рамките од два часа, а 22 часа гладува. Тој сè што “проповеда” истото го спроведува и врз себеси.

Доктор Гундри смета дека поедина храна која содржи глутен или лектини може да предизвикаат проблеми со дигестијата. Тој објаснува дека глутенот е еден вид лектин, но бидејќи го има и во другите намирници, со исфрлањето на глутенот од исхраната не се решава целосно проблемот кој го имаме.

-Многумина кои имаат проблем со дигестивниот тракт мислат дека глутенот е тој што им прави проблем, а обично излегува дека не е така, објаснува тој.

Некои луѓе секако дека се нетолерантни на глутен, а најдобриот начин за да дознаете за што станува збор, е да ја исфрлите целата храна која содржи лектини, а подоцна да започнете со воведување на една по една намирница која содржи лектини, но не и глутен.

После направената пауза, земете домат на пример или пиперка, па видете дали проблемите ќе се вратат или не. Доколку тие се вратат, тогаш проблемот ви го прават лектините, а не глутенот.

Докторот признава дека е многу тешко да се одбегнуваат лектините. Храна која нема лектини се морски плодови, месо и јајца. Сепак постојат бројни опции кои можете да ги искористите за да имате разновидна храна. Најважно е да го следите вашето тело како реагира на одредена промена.