Во народната медицина се користи за чистење на телото од токcини! Правилната и урамнотежена исхрана е предуслов за здравје, а по големите и раскошни гозби, на нашиот стомак му е потребна помош.

Пробиотиците помагаат да се одржи рамнотежата помеѓу лошите и добрите бактерии во цревата, па затоа се неопходни за правилно функционирање на дигестивниот систем. Покрај нив, токму влакната се важни за одржување на процесот на варење и здравата цревна флора.

Кефирот и овесните снегулки можат да бидат совршена комбинација на пробиотици, влакна, витамини и минерали. Кефирот со овесот со години се користи во народната медицина и исхрана за подобрување на варењето, чистење на организмот од токсини, но и во процесот на слабеење.

Симптомите кои укажуваат на проблеми со желудникот се чувство на тежина, надуеност, болка, ждригавица, отежнато одење во тоалет и други непријатни симптоми. Кога се присутни овие симптоми, важно е да се консултирате со лекар, а како дополнителен лек можете да консумирате кефир со овесни снегулки.

Не е тајна дека кефирот е способен да ја нормализира цревната микрофлора и да го „смири“ желудникот. Ова се должи на бифидобактериите содржани во него, кои ја спречуваат ферментацијата и варењето на храната и придонесуваат за внимателно отстранување на штетните токсини.

Кефирот ја подобрува цревната перисталтика, го забрзува варењето и помага хранливите материи подобро да се апсорбираат. Затоа го нарекуваат и најдобар природен пробиотик.

Овесните снегулки се богати со влакна и содржат калиум и витамини Б. Тие благопријатно влијаат на цревата, ја подобруваат нивната работа, спречуваат појава на дисбиоза (микробен дисбаланс) и го олеснуваат варењето.

Диететските влакна од овесот треба да бидат задолжителен дел од здравата исхрана бидејќи имаат многу поволни ефекти врз здравјето, од подобро варење, здравје на срцето, до ефект на регулирање на холестеролот и шеќерот во крвта.

Комбинацијата на кефир и овес често се препорачува во процесот на слабеење бидејќи го чисти телото и ги забрзува метаболичките процеси.

Покрај здравствените придобивки, комбинацијата од овес и кефир има пријатен вкус, освежува и затоа е добар избор за многу луѓе за појадок. Како да направите мешавина од кефир и овес – еве го рецептот:

Измешајте две лажици овесни снегулки со 400 мл кефир. Оставете 15 минути додека триците не омекнат. По желба можете да додадете и малку цимет.

Напомена: Доколку сте чувствителни на некои од наведените состојки или имате здравствени проблеми со цревата или желудникот, консултирајте се со вашиот лекар пред да го консумирате.