ДОДАЈТЕ ЧАША ОД ОВА ВО ТЕСТОТО И ЛЕБОТ ЌЕ БИДЕ МЕК КАКО ДУША: Сите рекоа дека жалат што не знаеле за трикот порано…

Во последно време сè повеќе луѓе се одлучуваат да направат домашен леб. Причините за тоа секако се различни: од премногу адитиви до вештачка боја во купениот леб.

За да ви биде лебот како што сакате, мора да додадете чаша јогурт во тестото за време на подготовката! А за време на постите, сличен ефект се постигнува со додавање на лажица оцет. Еве што ви е потребно според рецептот на Ивана Џекич:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г брашно
1/2 коцка свеж квасец (20 г)
1 филџан јогурт (на собна температура)
200 мл млака вода
100 мл масло
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
малку сусам

ПОСТАПКА:

Во садот во кој ќе месите, издробете го квасецот во млака вода и додајте го шеќерот, кратко промешајте да се раствори, па додајте го речиси целото брашно и солта… На крај јогуртот и маслото.

Тестото што ќе го замесите е доста меко. Додајте уште малку брашно, но само колку да не ви се лепи за раце.

Оставете го да ферментира на топло место 30-45 минути, колку да го удвои волуменот.

Потоа премесете го кратко и нежно, па обликувајте го лебот во плехот каде ќе се пече (обложен со хартија за печење). Покријте го со крпа и оставете уште 15-тина минути да ферментира додека убаво да се загрее рерната.

За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 210 степени. Лебот премачкајте го со малку измешана вода и масло и посипете го со сусам. Печете го околу 35 минути додека убаво да зарумени. Рецепт на Ивана Џекич.