Почнуваат велигденските празнувања. Граѓаните ги чека продолжен викенд исполнет со традиционалното вапсање на велигденските јајца. Велики четврток е токму денот кога се вапсаат првите јајца.

Според обичајот, најпрво се вапсуваат три јајца, а потоа и другите. Првото јајце, според стариот обичај е наменето за Господ и се вика Господово јајце, второто е за домаќинот и семејството, а третото било наменето за стоката и за бериќет во домот.

Што велат традиционалните верувања и обичаи за овој ден?

Велики четврток е четвртиот ден од Ст-расната седмица пред Велигден. Овој ден е наречен и – чистиот четврток. На Велики четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската градина и на овој ден се случило предав-ството на Јуда.

Велики четврток е ден во кој се поминува најмногу време околу подготовките за дочекот на најголемиот и најрадосниот христијански празник Велигден. На овој ден се бојадисуваат велигденските јајца кои треба да се црвени.

Првото бојадисано јајце исто така треба да е во црвено – се проценува дека бојата ја симболизира Христовата к-рв. Со него најстариот член на семејството црта крст на челото на најмалите, за да бидат здрави во текот на годината. Освен тоа првото јајце се остава пред иконата во домот, за да штити од з-ли сили, да носи здравје, среќа и успех.

Според традицијата во минатото на Велики четврток жените поминуваат најмногу време во кујната. Тогаш највозрасната жена во семејството замесува велигденски леб, нарекуван уште богова пита, велигденски кравај или квасник).

Велигденските леб е обреден леб и се украсува со непарен број велигденски јајца.

Велат исто така, дека на полноќ на Велики четврток небото се отвора, за да слезат кај своите блиски ду-шите на мрт-вите, кои остануваат на земјата 40 дена. Во минатото на Велики четврток луѓето ги осветувале новите домови.

ОБИЧАИ ЗА ВАПСАЊЕ НА ЈАЈЦАТА

Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со првото јајце за кое се верува дека има ма-гиска моќ. Тоа подоцна го оставаат пред иконата, со него се враќаат облаци за да се заштити посевот, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од по-жар, гром и сл.

Јајцата ги вапсува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрделе. Вапсани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првото, не се расипуваат дури и по неколку години.

Кога ги вапсува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на „гладно срце“, јајцето може да ја раз-бие, да се разболи или да е не-среќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби маги-ската м оќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци.

Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја.

По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

Во Скопско, како што запишала Милица Георгиева, јајцата се бојадисувале не само пред сонце туку и пред да у дрело клепалото од црквата зашто таквите јајца помалку се кршеле и подолго време не се расипувале.

Е.Спространов сведочи дека во Охрид вечерта се носеле во црквата неколку црвени јајца „за да чует дванајсет ванѓељја“, а потоа едно од нив закопувале во нивата или во лозјето „за бериќет“.

И Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско сведочи за одење во црквата каде што се слушале дванаесетте евангелија, а за тоа време секој во рацете држел свеќи. Таа свеќа, пак, што се држела додека се читало последното евангелие се носела дома и од неа се палело кандилото пред иконата.

Со Велики четврток се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. Стефан Верковиќ забележал дека во с. Мачуково, во егејскиот дел на Македонија, „таа ден колко црни кокошки снесат јајцата, и бележуват сус кониц, да напкум ʼи закопуват уф лозјата, за да не ʼи у дре грат“.

Кузман Шапкарев забележал обичај според кој малите моми замесувале за прв пат тесто, кое потоа со црвените јајца (чиј број бил колку што имало членови семејството) го носеле во црквата за таму да преспие додека се читале дванаесетте евангелија. Со тој квасец по празникот замесувале леб.

На Велики четврток се запотнува, како што тоа се прави на сите Величетвртоци до Спасовден кога и не се работи, како што запишал Е. Спространов „за да не бијат град“. Запотнувањето се прави на тој начин што се става потка на клучките од вратите, потоа на долапите, стомните, грнците, амбарите, каците, бочвите и други места.

За потка се користат билки за кои се верува дека имаат волшебна моќ како што се: кукурек, вратика, челинок, понекогаш се запотнува со гранки од леска, дрен, и др. Се запотнува за здравје но и со верување дека на тој начин луѓето, стоката и објектите ќе се заштитат од разни болести, несреќи, елементарни непогоди и сл.

На Велики четврток се изведуваат и други обичаи. На пр. се јаде пресен зелник со зелје, потоа девојките си ги мијат косите, а во водата ставаат црвено јајце и здравец, за здравје.

Во Мариово, како што запишал Милан Ристески, овчарите потстригувале неколку овци за потоа да стрижат во четвртоците, жените заплевувале во нивјето за потоа и тие да можат да плеват во овие денови, а мажите уште и оделе по дрва но без секира за да не треска град.

Во Радовиш според записите на З. Делиниколова на овој ден вапсуваат јајца за Велигден. Секоја домаќинка јајцата што се одредени за вапсување ги пребројува уште во средата наутро, ги става во чиста вода да се киснат – за да им излезат нечистотиите.

Приквечер ги варат јајцата во вода, ги мијат и ги бришат. Тогаш се пригитвува и бојата „бакам“ која ја купуваат од продавниците. Бакамот е црвена боја во форма на корупки од фамилијата на некои растенија, махунарки, кај нас се увезува од Мала Азија.

За да си ја пушти подобро бојата бакамот се става од вечер во ладна вода „да кисне“ со која утредента јајцата се вапсуваат црвено. Во поново време јајцата се вапсуваат со други аналински бои: модри, зелени, жолти, шарени и др.

До неодамна за бојадисување се користеле лушпи од кромид кои исто така претходно се киснат во вода за да пуштат боја –жолта. Според кажувањето на постари жерни од градот вистински велигденски јајца се само црвените.

Жолтите се сметаат за еврејски, а боењето јајца во други анилински бои продрело од скорешно време во градот. Изутрина на Велик четврток секоја домаќинка станува рано, пред сонце, тивко за да не ја чуе никој од домашните, а особено децата. Запалува огин и го става на огин рас-киснатиот бакам да зоврие, на кој му додава и стипса за да фати бојата.

погача моцарела (Фото и рецепт: Тања Стаменковска)

Најнапред пушта едно јајце – јајцето на дедо Господ – Господово јајце, со кое оди кај децата кои сè уште спијат и ги гали по лице со зборовите: Црвено бело здраво-живо, а потоа го зема јајцето, го става на некое ткаено или плетено црвено парче спроти сонце – на источната страна на куќата и се враќа да ги бојадисува и другите јајца.

Тоа го прави набрзина дури не огреало сонцето, за да не се ус-мрдат подоцна. Ако сака домаќинката јајцата да светат ги брише отпосле со намастена крпа. Истиот ден се приготвуваат и слатки за Велигден. Се месат „пупи“ – вид бисквити и гевреци. Овие месени работи се приготвуваат скришум од децата, за да не каснат, зашто е грев да се омрсат пред Велигден.

Обичај е на Велики четврток да се касне посен зелник со зелје. Зелниците се месат поручек, за да бидат готови за вечера. Девојчињата и невестите си ги мијат косите со црвено јајце и здравец – за здравје. По вечера одат во црква на „дванајсет еванѓелии“.