Белиот лилјан е волшебен цвет, кој отсекогаш бил суштински дел од секоја градина. Овој прекрасен цвет има широк спектар на големини и форми. Привлекува со својот опоен мирис и разни суптилности на бои како бела, црвена, светлопортокалова, а може да се најде и во кафеава, розова и жолта нијанса.

Белиот лилјан (крин) е еден од најпопуларните домашни растенија и тоа со причина. Освен што изгледа интересно, лилјанот е едно од најлесните растенија за одгледување, така што ќе успее дури и за почетници и оние кои немаат многу искуство во градината. Пожелно е да ги имате дома, бидејќи се верува дека привлекуваат среќа и благосостојба.

Лилјан или бел крин (Lilium candidum) е повеќегодишно тревесто, лушпесто растение, високо 90 – 170 цм од фамилијата Liliaceae. Потекнува од југозападна Азија, од каде се проширило на пошироките области на Медитеранот.

Цветот се состои од 6 или 7 ливчиња, кои растат на тенки стебла. Тие растат умерено во оптимални услови, а растот се намалува во зима. Сјајните зелени лисја имаат ланцетна форма со брановидна текстура, се појавуваат во нијанси на темно зелена, сино-зелена и шарена, како и шарени и шарени дезени.

Симболично значење на белиот лилјан

Од најраните времиња, луѓето откриле многу симболични елементи и мотиви во убавината и нежноста на лилјаните. Некои од најпознатите антички цивилизации, како што се антички Египет, Рим и античка Грција го нарекувале “рајски цвет,“ а белиот лилјан отсекогаш бил поврзан со совршенство, нежност, љубов и надеж.

Во античка Грција, тој бил посветен на божицата Хера, едно од највозвишените богови од тоа време. Според легендата, белиот крин е создаден додека Хера го доела својот син Херкулес, па неколку нејзини капки паднале на земјата.

Во Рим, тој е посветен и на возвишената божица Венера, заштитничка на љубовта и просперитетот. Додека во антички Египет бил симбол на достоинството на владетелите.

Сепак, симболиката на лилјанот била најимпресивна во христијанската ера. Според легендата, цветот никнал од пролевањето на солзите на Исус Христос за време на неговото погубување и се сметаат за омилен цвет на Богородица.

Затоа, лилјанот претставува беспрекорна чистота и невиност, а неговите три ливчиња се поврзани со Света Троица. Исто така се верува дека секое ливче од лилјанот ги отсликува трите најценети квалитети на Богородица, невиноста, скромноста и побожноста. Кај нашиот народ, исто така се нарекува “богородичен цвет.”

Лилјаните се повеќе се бараат поради нивната необична форма и разнобојни и живописни тонови. Со соодветна и несомнена грижа, овој цвет може да го украси вашиот дом, градина или балкон преку цела година.

Потребите на растението се разликуваат од неговиот животен циклус. Лилјанот, како и повеќето растенија, има две животни фази: цветна фаза – ја претставува фазата на интензивен раст кога растението цвета. Претежно тоа се летните месеци и заспаната фаза (хибернациска) – во овој период растението има минимални потреб во зимските месеци.

Лилјанот сака влажна почва и многу сончева светлина, но никогаш не го оставајте директно изложено на сонце. Цветовите треба да бидат свртени кон сонцето, а коренот во сенка.

Најсоодветна почва за раст и развој на лилјаните е онаа богата со хумус или компост, а површинскиот слој на почвата е покриен со песок. Исто така, може да се додадат и изгниени лисја за да се одржи влагата на почвата.

Ако вашиот крин е засаден во градината, доволна влажност се постигнува природно за време на дождот. Меѓутоа, ако чувате крин во куќата, мора да му обезбедите соодветна влажност, особено во текот на зимските месеци.

Во текот на зимата, воздухот е сув, што му ште-ти на секое домашно растение. За да се одржи растението преку зимата потребно е да користите разни распрскувачи. Може да користите и дождовна вода. Друго решение што помага во овој период е дестилирана вода во собна температура.

Неизоставен дел од правилната нега на лилјанот е исхраната. Ѓубривото треба да биде богато со органски материи како калиум, фосфор, калциум, железо, азот и се користат за поттикнување на растот. Ѓубривото се додава за време на наводнување, не се додава директно на сува почва.

Некои намирници кои ги имате во домаќинството може да користите кора од цитрус која е богата со минерални потреби за растението, кора од морков, богата со калиум и бакар, кора од банана богата со калиум.

Лилјаните се садат во пролет или есен. Почвата во која се садат треба да биде богата со хумус или компост над кој има слој од песок и да стои на сончево место. Лилјанот никогаш не се сади сам, туку во групи со најмногу 5 резерви од кои се развива едно стебло.

Потребно е да се сади во саксии со дијдаметар од 30 цм или повеќе. Пресадувањето не се препорачува. Ако приметите дека лилјанот помалку цвета и лисјата почнуваат да пожолтуваат, време е за ново садење. Користете ги старите корени и засадете ги поединечно.

Црвениот лилјан може да го подарите како подарок на личност која неизмерно ја сакате, бидејќи тоа симболизира неисцрпна љубов. Белиот лилјан се дава на бремени жени, бидејќи е симбол на добрина и чистота, ново раѓање. Белиот лилјан е симбол на Исусовите солзи, се верува дека носи среќа, здравје и благосостојба во домот доколку го имате за време на велигденските празници.

Виолетов лилјан – Овој вид треба да им се дава на младите, бидејќи метафорично ја отсликува младоста и среќата. Портокалов лилјан – симболизира голема радост, се дава при некој постигнат успех како дипломска или некоја друга прослава. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска