Наглото заладување на времето ги изненади граѓаните на нашата држава кога вчера времето нагло залади, а се појавија и обилни снежни врнежи. Силен ветар од северниот фронт ги изненади сите со тоа што претходните денови беа многу сончеви.




Во просек, дневните температури се движат помеѓу 6 и 9 степени целзиусови, а во вечерните часови температурата ја држи границата помеѓу 0 и -1 степен. Ваквото ненадејно заладување на времето ги натера луѓето повторно да ги извадат зимските џемпери и чизми.




Снежните врнежи се забележаа само во текот на вчерашниот ден, а и рано изутрина имаше благо веење. Снежната покривка на куќите и автомобилите не се задржа долго време, па тоа им олесни на граѓаните полесно да стигнат на работа без да ги чистат автомобилите.




Од задутре се очекува значително потопла воздушна маса од југ, а времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога локално сè уште ќе има нешто повеќе облачност, а долж Повардарието ќе дува и засилен ветер од северозападен правец.




Температурите во следните денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, со што ќе дојде до топење на снежната покривка таму каде што ја има. Сепак наутро останува студено, и тоа особено утре изутрина кога речиси насекаде ќе има ниски температури, а потоа и минималните утрински температури ќе бележат тенденција на пораст.




И во Скопскиот регион во следните денови ќе има потопло и постабилно време со сончеви периоди. Максималните температури ќе бележат тенденција на поголем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 13 степени, додека наутро температурите ќе се спуштаат за некој степен под нулата.




Од друга страна, метеорологот Марко Чубрило го објави следново: ,,Доцна вечерта на северозапад ќе има нова облачност која во среда навечер на места ќе услови со слаб, преоден дожд. Денешниот максимум е од +3 до +10 Целзиусови степени,“ објави Чубрило на Фејсбук.

Како што додава, очекува суво и претежно сончево време. „Од утре до петок попладне ќе биде суво и претежно сончево, само утре претпладне ќе има голема облачност. Ветерот ќе слабее и ќе се сврти кон јужен правец, додека дневниот максимум ќе се зголеми и во четврток ќе биде над +15 степени. Ноќите ќе бидат студени, но само на места со слаб мраз,“ најави тој.




На планините можно е провејување на снег. „Во четврток попладне, со преместување на антициклонското јадро во Централна Европа, по неговата источна периферија ќе не продре помало количество постуден, но посув воздух.

„Нè очекуваат обилни врнежи. Ветерот во петок попладне ќе се претвори во умерен северен, а бypaта ќе се прошири по Јадранот“, изјави Чубрило.

Температури до 11 степени, се очекуваат врнежи од дожд. „Во петок дневниот максимум е од +6 на север до околу +11 на југ, а за викендот што следи претежно од +1 до +7 степени, додека утринските мразови ќе се движат од -8 до -1 степен. Во недела ќе биде претежно суво, само на места со провејување на снег и претежно над 800 метри надморска височина.




На почетокот на следната недела можно е времено влошување со дожд во пониските и снег на повисоките места, но поконкретни врнежи не се очекуваат. Утринскиот мраз ќе изостане, додека во текот на денот повторно ќе биде малку потопло, претежно од +6 до +12 целзиусови степени“, стои во најновото соопштение на Чубрило.

Февруари ќе биде потопол од просек. „Што се однесува до натамошниот развој на временската прогноза, барем до околу 22 февруари нема индикации за можно посилно заладување, а во тие денови максималните би можеле да бидат значително над просекот со можни врнежи од дожд, особено околу 18 февруари.




Дури по 22 февруари, повремените пресметки на оперативниот ГФС даваат сигнал за можно заладување. Бидејќи ова е период кој во моментов е целосно несигурен, без конкретна поддршка од ансамблот од двете серии, не треба да се обраќа премногу внимание на овие пресметки.“