Киселото млеко во комбинација со медот има способност да ја регулира телесната тежина. Освен тоа, оваа комбинација има и лековит ефект за целокупното здравје на телото.

Во текот на диетата постребно е да се следат точно пропишаните чекори, а доколку сте интолерантни на млечни производи, тогаш оваа диета не е за вас и мора да се консултирате со лекар.

Режимот е краток, а килограмите брзо ќе исчезнат. Треба да сте апсолутни здрави и да не сте на некоја медикаментонозна терапија. Ова е менито за следните неколку денови.

Напомена: Онаму каде пишува дека оброкот е по ваш избор, одбирајте здрава и лесно калорична храна.

ПРВ ДЕН

Појадок: Чај незасладен и 1 супена лажица мед (може и 1 супена лажица мелени ореви помешани со мед).
Ручек: Ваш избор.
Ужина: портокал или цитрон.

Вечера: 1 чаша кисело млеко обезмастено, до 1% мм.

ВТОР ДЕН

Појадок: Чај и малку мед
Ручек и вечера: се јаде само кисело млеко до 1% мм.

ТРЕТ ДЕН

Појадок: Билковен чај и една лажица мед
За ужина, ручек и вечера се јаде само кисело млеко 1% мм

ЧЕТВРТИ ДЕН

Четири пати во денот пиете чај со мед.

ПЕТТИ ДЕН

Четири пати во денот јадете кисело млеко.

Шестиот ден го започнувате режимот по обратен редослед. Па така, започнувате со диетата од 5,4,3,2, и 1 ден.

Ако не можете да ја издржите диетата прекинете ја, бидејќи доста е рестриктивна.