Домашната козметика е испробана од генерациите на нашите баби. Во тоа време многу често се користеле домашно произведени козметички средства за младоликост и убавина.

Рецептот кој ќе го прочитате во продолжение се нарекува Благороднички крем за лице, бидејќи баба ми го добила на времето од некоја многу стара благородничка, па овој назив се наметнал сам по себе.

Кремот го користеле повеќе генерации жени, па затоа неговата ефикасност повеќекратно е потврдена.

Благородничкиот крем можете сами да си го направите дома, користејќи само природни состојки.

После користењето на овој крем, кожата станува свиленкаста на допир, порите се собираат, кожата се чисти, станува хидрирана, затегната и здрава.

Капиларите избледуваат, а се намалува и црвенилото. Ја намалува можноста за појава на акни и ситни митесери.

Не остава масен сјај на кожата, бидејќи брзо се впива. Нејзината предност е тоа е безбедна за сите типови на кожа, бидејќи е направена од природни состојки и не содржи хемикалии и конзерванси. Пробајте, ќе бидете задоволни.

Потребни состојки:

150 г кисела масна павлака
30 мл алкохол 70% или тинктура од невен, ако кожата е проблематична (одлично ја исцелува кожата)
1-2 лажици сок од свежа краставица
1 супена лажица маслиново, бадемово или невеново масло
1 свежа жолчка од јајце
неколку капки етерично масло
празна кутија од 200 мл

Постапка:

Добро измешајте ја павлаката со жолчката, додадете сок од краставица и масло. На крај додадете го алкохолот.

Смесата добро измешајте ја и складирајте ја во кутијата. Оставете во фрижидер малку да се згусне. Кремот цело време треба да се чува во фрижидер, добро затворен. Рокот на траење е 3 месеци. Кога ќе се потроши направете ноца доза.

Сите козметички производи кои се домашно приготвени, треба да се чуваат добро затворени. Парче фолија или масна хартија ставена на отворот од тегличката и капакот, ќе направат доволно добра заштита за кремот.

Може да додадете витамини А, Е (АД капки), етерични масла кои исто така ја подмладуваат кожата.

Ако немате алергија на мед, додадете и половина лажичка мед. Сето тоа се додава пред да се стави алкохолот во смесата. Најдобри етерични масла за овој крем се: портокал, јасмин, лаванда, масло од чајно дрво – одлично е ако имате проблематична кожа. Се додаваат само неколку капки.

Совет: намалувајте или зголемувајте ја количината на состојките формирајќи крем за својот тип на кожа. Ако е масна, ставете повеќе алкохол. Ако е сува, ставете повеќе павлака и масло.

Ако сакате да ја избелете кожата, ставете повеќе сок од краставица + сок од четвртина лимон.

За лифтинг варијанта, ставете една лажичка сок од корен од ѓумбир или во кремот ставете неколку таблети Мумијо.

Кремот можете да користете како дневен или ноќен, но во текот на летото, подобро е да се користи како ноќен крем, за да не дојде до формирање на дамки поради реакција на сонцето со алкохолот.