Жената цели две години поминала одгледувајќи ја својата чувар куќа, сукулент со кој како што вели, била многу горда.

Caelie Wilkes неодамна на својот Фејсбук профил сподели една навистина интересна анегдота од својот живот и раскажа еден необичен настан кој и се случил пред извесно време.

Имено, таа го добила сукулентот пред две години, го чувала на прозор и редовно го полевала и се грижела за него. Била горда на неговите зелени, цврсти листови. Меѓутоа, кога најпосле одлучила дека е време да го пресади во нова земја, таа открила дека цвеќето е лажно.

“Решив дека е време за пресадување и најдов една многу убава саксија”. Го извадив сукулентот од неговата оригинална пластична саксија и тогаш видов дека цвеќето всушност било ЛАЖНО.”

Таа објаснува дека дотогаш многу му се восхитувала на своето речиси совршено цвеќе.

Откога ја објави својата приказна на Фејсбук, таа беше споделувана илјадници пати, па за ова дознале и синџирот продавници Home Depot кои веднаш, следниот ден и испратиле вистински сукулент.

Инаку, чувар куќата за која се грижела две години и била подарок од нејзиниот татко, кој кога слушнал за тоа, не можел да престане да се смее.

Но, ете, секому може да му се случи такво нешто, со оглед на тоа што денес вештачките цвеќиња се произведуваат многу верно на оригиналите.

Публикувахте от Caelie Wilkes в Петък, 28 февруари 2020 г.