Бавното варење на протеини му обезбедува на вашето тело постојано снабдување со аминокиселини во текот на ноќта, со што вие можете да закрепнете од напорното вежбање, и со тоа да ја одржите мускулната маса за сметка на мастите.

Еве некои предлози за ноќни оброци:

1.Бело месо од животински протеини (не црвено или риба). Пилешкото и мисиркиното месо се варат бавно и многу малку ослободуваат инсулин. При тоа ослободуваат еден друг хормон- глукагон, кој му помага на телото да се снабди со енергија користејќи ги јаглехидратите и мастите од нашето тело, а тоа претставува двојна победа!

Црвеното месо и рибата имаат значително повисок инсулински одговор, па би било најдобро да се одбегнуваат навечер.

2.Урда– има многу спора дигестија, за чија асимилација на телото му се потребни неколку часа. Исто така, како протеин, ослободува глукагон. Најдобар избор би било да јадете несолена урда, или со многу малку сол.

3.Зелен зеленчук– Практично нема калории а е богат со диетални влакна кои ве држат сити. Често пати кога ќе добиете неиздржлив нагон за јадење во доцните часови во ноќта, ова би било одличен избор: порција зелена салата!

4.Протеински шејк, кој е со ниски јаглехидрати и има бавна дигестија. Може да ви стане секојдневен ритуал за предспиење. Направете шејк со основа на бадемово или кокосово млеко, додајте јајце и коцки мраз, малку овошје колку за вкус, и сето тоа ставете го во блендер и миксајте околу 30 секунди.

Пример 1: една чаша бадемово млеко, 1 белка од јајце, 6 коцки мраз.

Пример 2: една чаша бадемово млеко, 1 белка од јајце, 1 лажичка путер од бадем или од лен, 4 јагоди, 6 коцки мраз.

Пример 3: една чаша бадемово млеко, 1 белка од јајце, пола смрзната банана, една лажичка лецитин, 10 зрна аронија, 6 коцки мраз.