Диета на вода: Нов апсолутен хит во слабеењето со план – како, кога и колку да се пие вода за да се слабее

Диетата на вода стана апсолутен хит откако некој пушти гласина дека популарната Бијонсе со нејзина помош ослабела доста после пораѓајот. Диетата содржи петодневен план.

Се базира на вода како главна состојка, која се внесува во текот на денот, што не значи дека треба да се пие само вода, но таа е главната “храна”. Постојат неколку различни “водени диети”, во зависност од целта која треба да се постигне.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВАА ДИЕТА?

Луѓето кои имаат проблем со вишок килограми често го доведуваат организмот до дехидратација што дополнително може да го влоши метаболизмот. Препорачаната дневна доза вода за да остане телото хидрирано е осум чаши, а ова го знаат и птиците на гранка.

Loading...

Одржувајќи го организмот доволно хидриран вие уредно поттикнувате подобра работа на метаболизмот што значи и подобро согорување на калориите и полесно слабеење.

Покрај подобрување на метаболизмот, водата може да помогне телото да се исчисти од токсините, да се подобри работата на црниот дроб и дебелото црево.

Ако планирате да ја испробате оваа диета, посоветувајте се со вашиот лекар, затоа што секој организам е различен.

ДИЕТА НА ВОДА – ПЛАН

1 ДЕН

Треба да се испијат 8 чаши вода. Доколку сакате можете само една да ја замените со сок од јаболко или да јадете свежи јаболка, ако така ви е полесно.

Поентата на овие јаболка е јаболковата киселина која помага да се елиминираат токсините од црниот дроб.

Ако почувствувате глад може да јадете свежо овошје, по можност она што е полно со вода, како јаболка, круши, лубеница. Немојте да гладувате ако чувствувате силен глад – грицкајте овошје колку што сакате.

2 ДЕН

Денес би требало да испиете 2 чаши вода, веднаш штом ќе станете од спиење, за да ги исперете сите наталожени токсини кои се подготвени да го напуштат телото уште од претходниот ден. Во текот на денот испијте уште 8 чаши.

Јадете зеленчук, особено морков и тоа во свеж облик, но ако не можете, тогаш згответе го. Еден свеж оброк можете да го замените со варен зеленчук.

3 ДЕН

Денес испијте најмалку 8 чаши дневно и повеќе ако можете, со тоа што може да јадете овошје и зеленчук во неограничени количини. Зеленчукот можете да го варите на пареа, без додаток на сол и зачини.

Овој ден ќе бидат видливи промени на вашата кожа, ќе биде посвиленкаста, почиста и помека на допир. Дури овој ден навистина ќе започнете да губите килограми, бидејќи првите два дена без базирани само на детоксикација на телото.

4 ДЕН

Ако денес се извагате, вашата вага би требало да покажува барем 1,5 кг помалку, секако ако стриктно се придржувавте на планот претходните три дена. Со 8 чаши вода, денес можете да јадете банани и млеко. Ништо друго не е дозволено, никакво овошје или зеленчук.

5 ДЕН

Последниот ден од оваа диета треба да испиете 10 чаши вода и да јадете домати, најмалку 6 во денот. Ако се почувствувате исцрпено, слободно изедете една порција варено јунешко месо (не повеќе од 150-200 г).

6 ДЕН

Шестиот ден би требало да сте полесни за неверојатни 5 килограми. Можете да се вратите на вашата стандардна исхрана со тоа што ќе ги зголемите свежите намирници, а ќе одбегнувате газирани пијалаци и други производи кои се преполни со шеќер.

Експерите велат дека диетата на вода нема несакани ефекти и дека вашиот организам после овој петдневен програм ќе бидете поздрави, бидејќи ќе ги исфрлите повеќето токсични материи.

Како ви се чини, дали мислите дека е премногу рестриктивен? Дали ќе ја пробате диетата?

Loading...