Да ве заобиколи ракот: Рецепт од позната докторка за исфрлање на сите отрови од телото

Докторката Викторија Семјонова е познат експерт за природно лекување, а оваа прилика таа го сподели својот рецепт за радикално чистење на цревата.

Според нејзините зборови, тој е толку моќен и толку добро ги исфрла отровите од телото, што со редовна консумација дури може и да се пречи рак.

Според неа, важниот фактор е тоа што најголем број отрови се таложат во цревата, а поради тие токсини во телото се развиваат малигни болести.

Потребни состојки:

500 г морков
500 г цвекло
1 шака суви кајсии
1 шака суво грозје
1 лажица мед

Постапка:

Зеленчукот ситно исечкајте го и ставете го во неоштетен емајлиран сад. Прелијте го со зовриена вода, да има два прста над зеленчукот. Додадете по една шака сечкани суви кајсии и суво грозје.

Тенџерето ставете го на оган за да зоврие водата. Штом зоврие, тргнете го тенџерето од рингла.

Кога малку ќе излади, додадете една лажица мед и оставете да отстои поклопено 12 часа на ладно и суво место. Потоа течноста добро процедете ја, складирајте во стаклени садови и чувајте во фрижидер.

Течноста се пие, а остатокот може да го искористите за приготвување на јадења.

Примена:

Оваа количина ќе ви биде доволна за два дена. Пијте по половина чаша (100-150 мл) трипати дневно пред оброк.

Чистењето на цревата со помош на овој рецепт би требало да трае еден месец. После тој период, цревата ќе бидат препородени. Оваа течност е корисна за лекување на рак, но и како превенција од канцер.

За најдобар ефект на овој природен лек, идеално би било сите состојки да бидат од органско потекло.

Претходна статијаНајдобриот готвач за 2019 година објаснува како да се запече месото – за да “не плаче” при готвењето
Следна статијаДиета на вода: Нов апсолутен хит во слабеењето со план – како, кога и колку да се пие вода за да се слабее