САСИ вода со ѓумбир за топење на стомачето и перничињата на бутовите

Оваа диетална вода содржи состојки кои е познато дека значително помагаат за елиминирање на масните наслаги околу стомакот и бутовите.

Саси диеталната вода можете да ја направите сами со многу едноставни состојки. Синтија Сас која го осмисли овој напиток, тврди дека после 4 дена редовна консумација на овој пијалак, може да ослабете 3 килограми и да намалите 10 см.

Потребни состојки:

Loading...

1 корен свеж ѓумбир со средна величина
1 шака листови нане
1 краставица
1 лимон со кора
2,1 литар вода

Постапка:

Измијте го лимонот, расечете го на половинки и извадете ги семките. Секоја половина малку засечете ја и ставете ја во бокалот со водата.

Лимонот не треба да се лупи, а не треба ни да се цеди сокот во водата.

Краставицата излупете ја и исечкајте ја на тркалца, па додадете ги и нив во водата.

Земете околу 8-12 свежи листови мента/нане, измијте ги, па и нив додадете ги.

Излупете го ѓумбирот и изрендајте го во смесата со вода. Убаво промешајте, поклопете и оставете во фрижидер преку ноќ.

Следниот ден пијте само Саси вода, разладена, секогаш кога сте жедни. Ќе биде потребно барем 4 дена по ред да приготвувате свежа Саси вода со наведените состојки ако сакате за забележите резултати.

Водата можете секојпат да ја процедете кога ја турате во чаша. Таа содржи 0 калории а многу помага во слабеењето. Сите останати состојки го забрзуваат процесот на согорување на масните наслаги и сигурно го намалуваат стомакот. А кога ќе се навикнете на овој освежувачки напиток, нема да можете да се откажете од него ни после 4 дена.

Loading...