Спанаќот се смета за еден од најздравите зеленчуци. Во нашата традиционална кујна спанаќот е застапен во различни рецепти и салати. Спанаќот е многу богат со низа микронутриенти, витамини, минерали, па и растителни влакна.

Од друга страна има доста ниска калориска вредност. Ова го прави спанаќот храна со висока нутритивна густина. Во само 30 г спанаќ се содржат: 7 калории, јаглехидрати, протеини, малку масти, диететски влакна, витамини К, А, Б9, Ц, манган, магнезиум и железо.

Спанаќот содржи помали количества и на калциум, цинк, селен, бакар, фосфор, витамин В6 и витамин Е. Термички подготвениот спанаќ содржи неколку компоненти во поголема концентрација отколку свежиот, исто како и морковот. Сварениот спанаќ содржи повеќе протеини, растителни влакна и повеќе витамин К и А.

Сепак, присуството на оксална киселина делува инхибирачки на апсорпцијата на калциум и железото, па спанаќот спаѓа во храна која е помалку биоактивна во однос на нив. Оксалната киселина тоа го прави преку врзувањето на дел од присутните железо и калциум.

Благодарение на антиоксидативниот состав, спанаќот може да го ограничи хроничното воспаление во телото, што е еден од главните ризик фактори за развој на к оронарни срцеви заболувања.

Студиите покажуваат дека спанаќот може да го заштити здравјето на срцето преку потткинување на создавањето азотна киселина, која ја подобрува циркулацијата, го намалува кр-вниот притисок и го подобрува здравјето на кр-вните садови.

На овој начин се намалува зголеменото количество на холестеролот и служи за превенција од артериосклероза. Спанаќот е богат и со специфични каротеноиди кои исто така се поврзуваат со намалувањето на хроничнато воспаление и хроничните болести.

Спанаќот содржи компоненти наречени фитоекдистероиди. Во научните студии, стероидите покажуваат стимулирачко дејство на катаболизмот на глукозата, со што го одржуваат стабилно нејзиното ниво во кр-вта. Ова е многу значајно за луѓето кои се во потенцијалната ризична група на предијабетна состојба, дијабетес и други форми на метаболитички синдром.

Спанаќот е еден од најбогатите извори на витамин К. Овој витамин е есенцијален за метаболизмот на коските. Витаминот К е потребен за здравјето на скелетната структура и може да помогне во превенцијата од остеопороза која е доста честа кај повозрасните луѓе.

Спанаќот е исто така еден од најбогатите природни извори на магнезиум. Магнезиумот е многу значајна компонента за повеќе функции на организмот. Магнезиумот е значаен во метаболизмите на калциум, калиум, натриум. Сите тие, заедно со магнезиумот, играат значајна улога во контролата на невромускулните сигнали и контракцијата на мускулите.

Утринско смути од спанаќ и печурки за детоксикација на организмот. Потребни состојки: 50 г листови спанаќ, 250 мл зовриена вода, четвртина коцка за супа, 70 г цели печурки со дршки.

Постапка: Во тенџере се прелива водата и се остава да зоврие. Потоа додајте ги печурките заедно со четвртина од коцката за супа. Промешајте и оставете супата да се вари 10 минути.

По изминатото време, додајте ги листовите спанаќ, промешајте и оставете супата да се вари уште 5-6 минути. Потоа тргнете го тенџерето од оган и додека е сè уште топла супата директно ставете ја во блендер со се водата и сите останати состојки.

Изблендирајте ја смесата додека да се соединат сите состојки и да се добие топло смути. По желба додајте прстофат сол, црн пипер или лимонов сок. Кон-сумирање: Пијте го ова смути секое утро на празен стомак. Доколку немате време секојдневно да го подготвувате смутито, пијте го два до три дена.

Напитокот е потребно да се консумира свежо подготвен, бидејќи на овој начин изобилува со лековити својства. Смутито е потребно да се испие додека е сè уште топло за да не ги изгуби лековитите својства.