Еден од најголемите проблеми кои ги имаме со стапалата е тоа што кожата на петите почнува да пука и станува многу сува.

Причините кои доведуваат до една ваква состојба можат да бидат различни, како носење на неудобни обувки, недоволно практикување лична хигиена, па дури и неправилната исхрана може да ја суши кожата.

Кога е исхраната во прашање, има еден интересен момент. Сигурно сте забележале дека на пример минатата година сте имале уредни пети, а веќе оваа испукале. Размислете што е тоа што сте го промениле во исхраната.

Луѓето се обидуваат на различни начини да го решат овој проблем, но најчесто не им успева.

Во продолжение, ние ќе ви претставиме рецепт со кој успешно ќе си помогнете при испукани пети, жуљеви, па дури и проширени вени.

Потребни состојки:

10 таблети аспирин

250 милилитри алкохол (70 процентен)

1 лажица Куркума во прав

Подготовка:

Во сад, промешајте ја куркумата со таблетите аспирин и 70 – процентниот алкохол.

Смесата добро промешајте ја и оставете да отстои 48 часа.

Потоа смесата нанесете ја на петата, а врз неа ставете памучна крпа.

Најпосле, ставете и пластична фолија или најлон кеса која ќе ја подврзете, за да спречите смесата да излезе надвор.

Потоа обвиткајте ги со алуминиумска фолија.

Преку најлонот или фолијата, облечете чорапи.

Оставете да делува преку ноќта, а наутро измијте ги нозете и исушете со сува крпа.

Постапката може да се повторува се до постигнување на посакуваниот резултат.